7
Решавање проблеми
Прочитајте го овој список пред да повикате сервис. Ќе ви заштеди време и пари.
Овој список ги опфаќа честите поплаки што не произлегуваат од неправилна
работа или употреба на материјали. Некои од одликите што се опишани тука
веројатно не постојат кај вашиот производ.
Ладилникот не работи.
• Приклучокот не е правилно ставен во штекерот. >>>Ставете го правилно
приклучокот во штекерот.
• Осигурувачот на приклучокот на којшто е поврзан ладилникот или главниот
осигурувач се прегорени. >>>Проверете го осигурувачот.
Се јавува кондензација на страничните ѕидови во одделот на ладилникот
(МУЛТИ ЗОНА, КОНТРОЛА НА
ЛАДЕЊЕ и ФЛЕКСИБИЛНА ЗОНА).
• Средината е многу студена. >>>Не ставајте го ладилникот на места каде
температурата се спушта под 10 °C.
• Вратата се отвора често. >>>Не отворајте и затворајте ја врата на ладилникот
многу често.
• Има влага во средината. >>>Не ставајте го ладилникот во средина со многу
влага.
• Храната што содржи течност се чува во отворени садови. >>>Не чувајте ја
течната храна во отворени садови.
• Вратата на ладилникот е оставена подотворена. >>>Затворете ја вратата на
ладилникот.
• Термостатот е поставен на многу ниско ниво. >>>Поставете го термостатот на
соодветно ниво.
Компресорот не се вклучува
• Заштитната термика на компресорот ќе престане да работи при ненадеен прекин
на ел. енергија или ќе го прекине ел. напојување бидејќи притисокот на ладилникот
во системот за ладење сè уште не е избалансиран. Ладилникот ќе продолжи со
работа по приближно 6 минути. Повикајте го сервисерот ако ладилникот не се
вклучи по истекување на овој период.
• Ладилникот е во циклус на одмрзнување. >>>Ова е нормално за целосно
автоматизиран процес на одмрзнување кај ладилникот. Циклусот на одмрзнување
започнува периодично.
• Ладилникот не е приклучен во штекер. >>>Проверете дали приклучокот е
правилно поставен во штекерот.
• Поставките за температурата не се правилни. >>>Изберете ја соодветната
вредност за температурата.
• Снемало струја. >>>Ладилникот ќе се врати на нормалната работа кога ќе дојде
струја.
Бучавата при работа се зголемува кога работи ладилникот.
• Работата на ладилникот се менува соодветно со промените во амбиенталната
температура. Тоа е нормално и не е грешка.
17
МК