Télécharger Imprimer la page

Bosch AdvancedTrimRouter 18V-8 Notice Originale page 173

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 20
Вклучете го електричниот алат и водете го по местото што
треба да се обработи.
По глодањето исклучете го електричниот алат.
Не го оставајте електричниот алат на страна,
u
додека глодалката не дојде во состојба на
мирување. Електричните алати кои не се во состојба
на мирување може да предизвикаат повреди.
Глодање со копирна чаура (види слики F1–F2)
Со помош на копирната чаура (21) може да пренесувате
контури од нацрти одн. шаблони на делот што се
обработува.
Според дебелината на шаблонот одн. нацртот одберете ја
соодветната копирна чаура. Бидејќи висината на
копирната чаура стрчи, шаблонот мора да има
минимална дебелина од 8 mm (види слика F1).
Изберете помал дијаметар на глодалката од
u
внатрешниот дијаметар на копирната чаура.
Одвртете ги четирите завртки со цилиндрична глава на
долната страна на лизгачката плоча (8) и извадете ја
лизгачката плоча.
Вметнете ја копирната чаура (21) во лизгачката плоча
(види слика F2).
Повторно лабаво завртете ја лизгачката плоча на
основната плоча (9). Лизгачката плоча мора да биде
слободно подвижна.
За растојанието од средината на глодалката и работ на
копирната чаура да биде секаде исто, копирната чаура и
лизгачката плоча, доколку е потребно, треба да се
центрираат.
– Порамнете ја лизгачката плоча така што глодалката и
копирната чаура ќе бидат центрирани кон отворот во
лизгачката плоча.
– Држете ја лизгачката плоча во оваа положба и цврсто
затегнете ги завртките за прицврстување.
За глодање со копирната чаура (21) постапете на
следниот начин:
– Поставете го електричниот алат со копирната
чаура (21) на шаблонот.
– Водете го електричниот алат со копирната чаура што
стрчи, со страничен притисок по должината на
шаблонот.
Обликување и глодање на рабови (види слика H)
При обликување и глодање на рабови без паралелен
граничник, глодалката мора да биде опремена со чивии-
водилки или куглично лежиште.
Водете го вклучениот електричен алат странично на
делот што се обработува, додека чивиите-водилки или
кугличното лежиште на глодалката не налегне на работ од
делот што се обработува.
Водете го електричниот алат по работ на делот за
обработка. Притоа внимавајте на точниот агол при
потпирањето. Преголемиот притисок може да го оштети
работ на делот што се обработува.
Bosch Power Tools
Глодање со паралелен граничник (види слика I)
За паралелно глодање на рабови може да го монтирате
паралелниот граничник (22).
Прицврстете го паралелниот граничник (22) на корпата
на глодалката (2) со завртката со нарецкана глава (4).
Поставете ја сакана крајна длабочина со пеперутка-
завртката на паралелниот граничник (23).
Водете го вклучениот електричен алат со рамномерно
движење и страничен притисок на паралелниот
граничник по должината на работ од делот за
обработување.
Глодање со помагалото при водење (види слика J)
Помагалото при водење (24) служи за глодање на рабови
со глодалки без чивии-водилки или кугличесто лежиште.
Прицврстете го помагалото при водење на корпата на
глодалката (2) со завртката со нарецкана глава (4).
Водете го електричниот алат со рамномерно движење по
должината на работ на делот за обработување.
Странично растојание: за да ја промените количината на
отстранување материјал, може да го подесите
страничното растојание помеѓу делот за обработување и
лизгачкиот валјак (27) на помагалото при водење (24).
Олабавете ја со пеперутка-завртката (25), поставете го
саканото странично растојание со вртење на пеперутка-
завртката (26) и повторно прицврстете ја пеперутка-
завртката (25).
Висина: во зависност од користената глодалка и јачината
на делот за обработување, прилагодете го вертикалното
порамнување на помагалото при водење.
Олабавете ја завртката со нарецкана глава (4) на
помагалото при водење, поставете го помагалото при
водење во саканата позиција и повторно затегнете ја
завртката.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
Македонски | 173
1 609 92A 7UJ | (25.05.2022)

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

3 603 jd5 0