Télécharger Imprimer la page

Bosch AdvancedTrimRouter 18V-8 Notice Originale page 171

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 20
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Замена на алатот
При ставање и менување на глодалката се
u
препорачува носење на заштитни ракавици.
Оригиналните глодалки од обемната програма на опрема
Bosch-ќе ги најдете во специјализираните продавници.
Демонтирање на корпата на глодалката (види слика A)
Пред да ја монтирате глодалката, најпрво мора да ја
извадите корпата на глодалката (2) од погонската
единица (1).
Отворете ја пеперутка-завртката (11) на корпата на
глодалката (2).
Извлечете ја погонската единица нагоре.
Менување на затезна клешта (види слика B)
Во зависност од употребената глодалка, мора да ја
замените затезната клешта со навртка за осигурување,
пред вметнувањето на глодалката (6).
Ако е веќе монтирана правилната затезна клешта за
вашата глодалка, следете ги чекорите за работа во
следниот дел.
Затезната клешта мора да биде поставена со мал простор
за маневрација во навртката за осигурување. Затезната
клешта со навртката за осигурување (6) мора да биде
лесна за монтирање. Ако навртката за осигурување или
затезната клешта се оштетени, заменете ги веднаш.
Притиснете го копчето за блокада на вретеното (7) и
држете го притиснато. Доколку е потребно, свртете го
рачно вретеното на моторот, додека не се фиксира.
Одвртете ја навртката за осигурување во правец
спротивен на стрелките од часовникот (6) со
вилушкастиот клуч (20).
Отпуштете го копчето за блокада на вретеното .
Напомена: алтернативна можност за менување на
затезната клешта (без притискање на механизмот за
фиксирање на вретеното (7)): поставете два вилушкасти
клучеви со помош на диедрон на вратилото, за да ја
олабавите или затегнете навртката за осигурување (6).
Доколку е потребно, пред склопувањето исчистете ги
сите монтажни делови со мека четка или со издувување
со помош на компресиран воздух.
Ставете ја новата навртка за осигурување на прифатот за
алат (19).
Лабаво затегнете ја навртката за осигурување.
Во никој случај не ја затегајте затегнувачката чаура
u
со навртка за осигурување, доколку не е монтирана
глодалка. Инаку, затегнувачката чаура може да се
оштети.
Bosch Power Tools
Вметнување на глодалката (види слики C1 – C2)
При ставање и менување на глодалката се
u
препорачува носење на заштитни ракавици.
Според целта на примената, глодалките се достапни во
најразлична изведба и квалитет.
Секогаш вметнувајте ја глодалката до K-ознаката (32) во
затезната клешта. Ако употребувате глодалка без K-
ознака, вметнете ја глодалката во затезната клешта со
околу 2/3 од должината на вратилото.
Глодалките од висококвалитетен челик за брзо
сечење (HSS) се погодни за обработка на меки
материјали како на пр. меко дрво и пластика.
Глодалките за сечење на цврст метал (HM) се
специјално наменети за цврсти и абразивни материјали
како на пр. цврсто дрво.
Оригиналните глодалки од обемната програма на опрема
од Bosch ќе ги најдете во специјализираните продавници.
Употребувајте само беспрекорни и чисти глодалки.
Монтирање на корпата на глодалката (види слика A)
За процесот на глодање мора да ја монтирате корпата на
глодалката (2) повторно на погонската единица (1).
Отворете ја пеперутка-завртката (11) на корпата на
глодалката (2).
Ставете ја погонската единица (1) во корпата за
глодање (2).
Затворете ја пеперутка-завртката (11) на корпата за
глодање (2).
Напомена: пеперутка-завртката (11) и завртката со
нарецкана глава (3) може да се заменуваат едни со
други.
По монтажата секогаш проверете, дали погонската
u
единица лежи цврсто во корпата на глодалката.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Македонски | 171
1 609 92A 7UJ | (25.05.2022)

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

3 603 jd5 0