172 | Македонски
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Приклучување на всисувач за прав (види слика D)
Вметнете го адаптерот за всисувачот за прав (10) од
напред во електричниот алат. Ќе слушнете кога ќе се
вклопи. За да го извадите, фатете го адаптерот (10)
странично и извлечете го нанапред.
Прикачете го цревото за всисување (Ø 35 mm) (29)
(опрема) на монтираниот адаптер за всисување (28).
Поврзете го цревото за всисување (29) со всисувач за
прав (опрема).
Всисувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Употреба
Подесување на длабочината за глодање
Подесувањето на длабочината на глодање смее да
u
се врши само доколку електричниот алат е
исклучен.
– Електричниот алат со монтирана глодалка поставете го
на делот што се обработува.
– Повторно отворете ја пеперутка-завртката (11) на
корпата на глодалката (2), за да ја поставите саканата
длабочина на глодање со скалата за подесување на
длабочината на глодање (18) или со рака или со
завртката со нарецкана глава (3).
– Затворете ја пеперутка-завртката (11) на корпата на
глодалката (2).
– Проверете го направеното подесување на
длабочината на глодање со практичен тест и поправете
го доколку е потребно.
Напомена: за да ја подесите длабочината на глодалката
рамно на лизгачката плоча кај глодалка за
заоблување (8), отстранете го помагалото за подесување
на глодалката (30) од неговиот држач и вметнете го во
соодветниот отвор на долната страна на лизгачката
плоча (8) (види слика G). Потоа со помош на помагалото
за подесување на глодалката напипајте (30) го работ на
глодалката (5). Подесете ја висината на глодалката или со
рака или со завртката со нарецкана глава (3), така што
помагалото за подесување на глодалката (30) и работ на
глодалката (5) ќе бидат израмнети. Потоа затворете ја
пеперутка-завртката (11) на корпата на глодалката (2) и
повторно прицврстете го помагалото за подесување на
глодалката (30) во неговиот држач.
Ставање во употреба
Бирање на бројот на вртежи
Со вртливото копче на бројот на вртежи (12) може да го
изберете потребниот број на вртежи и за време на
користењето на алатот.
1 609 92A 7UJ | (25.05.2022)
Позиција на
Број на вртежи
вртливото копче
за подесување
1−2
10000−14000
3−4
18000−24000
5−6
26000−30000
Прикажаните вредности во следната табела се
референтни вредности. Неопходниот број на вртежи
зависи од материјалот и работните услови и може да се
одреди при практична примена.
Материјал
Глодалка-
дијаметар [mm]
Цврсто дрво
(бука)
Меко дрво (бор)
Иверки
Пластика
По долготрајна работа со мал број на вртежи, за да го
оладите електричниот алат оставете го да се врти во
празен од некое време со максимален број на вртежи.
Вклучување/исклучување
За вклучување на електричниот алат поставете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (13) на I.
За исклучување на електричниот алат поставете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (13) на 0.
Совети при работењето
Заштитете ги алатите за глодање од удари.
u
Правец и процес на глодање (види слика E)
Процесот на глодање секогаш мора да се извршува
u
спроти правецот на ротација на глодалката (5)
(спротивен тек). При глодање во правец на ротација
(ист тек) електричниот алат може да ви избега од
раката.
Користете го електричниот алат само со монтирана
u
корпа за глодалка (2). Загубата на контрола над
електричниот алат може да предизвика повреди.
Напомена: Земете во предвид дека глодалката (5)
секогаш е издадена над основната плоча (9). Не го
оштетувајте шаблонот или делот што се обработува.
Поставете ја саканата длабочина на глодање.
-1
[min
]
Низок број на
вртежи
Среден број на
вртежи
Висок број на
вртежи
Позиција на
вртливото копче
за подесување
4−10
5−6
12−20
3−4
> 20
1−2
4–10
5−6
12−20
3−6
> 20
1−3
4−10
3−6
12−20
2−4
> 20
1−3
4−15
2−3
> 15
1−2
Bosch Power Tools