5.4 ПОТТИКНУВАЧ
Притискајќи ја гумената команда на
забрзувачот се иницира карбураторот
во колекторот за повлекување на
горивото со што се олеснува палењето
на студен мотор (сл. 10.D).
5.5 РАЧКА ЗА РАЧНО ПАЛЕЊЕ
Овозможува рачно палење
на моторот (сл. 10.E).
5.6 КОМАНДА ЗА ДВИЖЕЊЕ
Овозможува движење на машината.
• За да ја придвижите машината,спуштете
ја командата (сл. 9.D) за да може да ги
притиснете ракофатите за движење.
• Со отпуштање застанува движењето
на машината и рачката автоматски
се враќа во првичната позиција.
• Ако командата за движење се активира
заедно со командата за лопатката за
снег (сл. 9.C), останува активирана. Се
дезактивира само кога ќе се отпушти
командата за лопатката (сл. 9.C) (кај
машините каде е предвидена).
5.7 КОМАНДА ЗА ЧЕТКАТА
Го активира вртењето на четката.
• Спуштете ја командата за да активирате
вртење на четката , (сл. 9.C) така што
ќе може да ја притиснете рачката.
• Ако ја активирате само командата за
лопатката, кога ќе ја отпуштите, вртењето
на лопатката застанува и рачката се враќа
автоматски во првичната положба.
5.8 РАЧКА НА МЕНУВАЧОТ
Машината се доставува со менувач којшто
работи преку една рачка (сл. 9.A):
• 5/6 брзини за регулирање на
брзината на движење.
• 2 брзини за регулирање на брзината
на движење во рикверц.
5.9 АГОЛ ЗА НАСОЧЕНОСТ НА ЧЕТКАТА
Насочувањето на четката се регулира со
помош на рачка (сл. 9.B) којашто дозволува
закосување во саканиот правец.
Поставете ја рачката напред или
назад во една од трите позиции на
располагање за да ја закосите четката.
• Рачка напред = 15° надесно.
• Рачка во средина = 0°, нема закосување.
• Рачка назад = 15° налево.
6. УПОТРЕБА НА МАШИНАТА
ВАЖНО Безбедносните одредби што
треба да ги следите додека ја користите
машината се дадени во погл. 2. Строго
придржувајте се до тие упатства за да
избегнете сериозни ризици или опасности.
6.1 ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
Пред да ја користите машината, проверете
дали има гориво и проверете го нивото
на маслото. За начинот и мерките за
претпазливост при полнењетоentна
горивото и дополнување масло
(видете пасус. 7.2 и пасус 7.3).
Тркалцата служат за регулирање
на растојанието на четката од
теренот подигајќи ја.
Пред да ја користите машината, регулирајте
ги тркалцата како што следи:
1. Откачете го безбедносното
резе (сл. 11.A).
2. Извадете го клинот (сл. 11.B).
3. Подигнете/спуштете ги
тркалцата (сл. 11.С).
4. Ставете го клинот.
5. Ставете го безнедносното резе.
1. Разлабавете го копчето
отстрана (сл. 11.D).
2. Вртете го горното копче (сл. 11.E)
во правецот / обратно од правецот
на стрелките на часовникот за да
ги подигнете / спуштите тркалата.
3. Фиксирајте го копчето
отстрана (сл. 11.D).
6.2 БЕЗБЕДНОСНИ КОНТРОЛИ
Следете ги дадените упатства пред да
продолжите. Спроведете ги следните
безбедносни контроли и проверете
дали резултатите соодветствуваат
со даденото во табелата.
Секогаш проверувајте ги
безбедносните контроли пред работа.
МК - 7