124 | Македонски
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батерија
Користете само оригинални Bosch литиум-јонски
батерии со напон кој е наведен на
спецификационата плочка на Вашиот електричниот
апарат. Користењето друг вид батерии може да доведе
до повреди и опасност од пожар.
Напомена: Користењето на батерии несоодветни за
вашиот електричен апарат може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на електричниот
апарат.
Прекинувачот за менување на правецот на вртење 3
поставете го на средината, за да спречите несакано
вклучување. Наполнетата батерија 8 вметнете ја во
дршката, додека не се вклопи и не легне рамно во
дршката.
Поставете го правецот на вртење (види слика C)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење 3
може да го промените правецот на вртење на
електричниот апарат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување 4 е притиснат ова не е
возможно.
Тек на десно: За дупчење и зашрафување на шрафови
притиснете го прекинувачот за менување на правец на
вртење 3 на лево до крај.
Тек на лево: За одвртување одн. отшрафување на
шрафови притиснете го прекинувачот за менување на
правецот на вртење 3 на десно до крај.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот апарат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
4 и држете го притиснат.
1 609 92A 0AV | (3.2.14)
Лампата 1 свети доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување 4 е напола или целосно
притиснат и овозможува осветлување на работното поле
при неповолни светлосни услови.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
За да го исклучите електричниот апарат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 4.
Поставување на број на вртежи
Бројот на вртежите на вклучениот електричен апарат
може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа
колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување 4.
Со нежно притискање на прекинувачот за
вклучување/исклучување 4 се постигнуваат мал број на
вртежи. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на вртежи.
Целосно автоматска блокада на вретеното (Auto-Lock)
Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување 4 не е
притиснат, вретеното за дупчење и прифатот за алат ќе се
фиксираат.
Ова овозможува зашрафување на шрафови и при
испразнета батерија одн. користење на електричниот алат
како шрафцигер.
Кочница за исфрлување од брзина
При отпуштање на прекинувачот за
вклучување/исклучување 4 се закочува главата за
дупчење и со тоа се спречува повторното стартување на
алатот што се вметнува.
При зашрафување на шрафови, прекинувачот за
вклучување/исклучување 4 отпуштете го дури откако
шрафот цврсто ќе биде зашрафен во материјалот. На тој
начин главата на шрафот нема да навлезе во материјалот.
Приказ за наполнетоста на батеријата
Приказот на наполнетост на батеријата 6 при половично
или целосно притиснат прекинувач за
вклучување/исклучување 4 за неколку секунди ја
прикажува наполнетоста на батеријата и се состои од
3 зелени LED светилки.
LED
Трајно светло 3 x зелено
Трајно светло 2 x зелено
Трајно светло 1 x зелено
Трепкаво светло 1 x зелено
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот апарат. При големо оптоварување или
пречекорување на дозволената температура на
батеријата 70 °C електрониката го исклучува
електричниот апарат, додека не се врати во оптималните
граници на температура.
Капацитет
≥ 2/3
≥1/3
< 1/3
Резерва
Bosch Power Tools