Milwaukee M18 FPT2 Notice Originale page 150

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 32
Чистете ја прашината и остатоците од отворите. Одржувајте
ја рачката чиста, сува и без масло или мазива. Користете
само благ сапун и влажна крпа за чистење, бидејќи одредени
средства за чистење и растворувачи се штетни за пластика и
други неизолирани делови. Некои од нив вклучуваат бензин,
терпентин, разредувач за лак, разредувач за боја, хлорирани
средства за чистење, амонијак и детергенти за домаќинството
што содржат амонијак. Никогаш не користете запаливи или
горливи растворувачи околу алатите.
Проверете дали се остри матриците и заменете ги изабените
матрици секогаш во комплет.
Заменете ги матриците кога ќе се скршат или оштетат.
Секогаш заменувајте ги матриците во комплет.
За да избегнете повреда и оштетување, алатот, преносливата
батерија или полначот никогаш не потопувајте ги во течност
или, пак, не дозволувајте во нив да навлезе вода.
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постојано.
Освен тоа, сервисирањето и поправките смеат да ги
извршуваат само овластени специјализирани работилници.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба
да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните
агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален
приказ на алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот
како и типот на машина кој е отпечатен на етикетата и
порачајте ја скицата кај локалниот застапник или директно
кај: Techtronic Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10,
71364 Winnenden, Germany.
ONE-KEY™
За да дознаете повеќе за ONE-KEY функциите на овој уред,
прочитајте го приложеното упатство за Брз старт или посетете
нè на веб-страницата: http://www.milwaukeetool.com/one-key
Апликацијата ONE-KEY можете да ја симнете на Вашиот
смартфон преку App Store или Google Play.
Резултатот од испекцијата ги исполнува нашите минимални
барања според EN 301 489-1 / EN 301 489-17. Во прирачникот за
корисници на муштериите ќе им дадеме упатство за ракување.
БАТЕРИИ
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето
на батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите
на високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на
батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C и
на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Метални парчиња не смеат да навлезат во делот за полнење на
батерија (ризик од краток спој).
ЗАШТИТА ОД ПРЕОПТЕРЕТУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
При преоптоварување на батеријата со многу висока
потрошувачка на струја, на пример екстремно високи вртежни
моменти, заглавување на дупчалката, ненадејно запирање или
краток спој, електро-уредот бучи 2 секунди, а потоа самостојно
се гаси.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.
Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен
патен транспорт на истите.
Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна
на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за
транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција
и транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно обучени
лица. Целокупниот процес треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето
тоа со цел да се избегнат кратки споеви. Внимавајте да не дојде
до изместување на батериите во нивната амбалажа. Забранет
е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски
батерии. За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
Македонски
147
147
Mak

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières