Упатства За Одржување; Упатства За Подмачкување; Чистење - Dolmar PM-46 Manuel D'instructions

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 18
ВНИМАНИЕ: Пред да ја менувате висината за
косење, сопрете ја косилката и откачете го кабелот за
свеќичката.
Косилката е опремена со рачка за централно
прилагодување на висината што има 7 положби.
1. Сопрете ја косилката и откачете го кабелот за
свеќичката пред да ја менувате висината за
косење на косилката.
2. Рачката за централно прилагодување на висината
има 7 положби за висината.
3. За да ја смените висината на косењето,
притиснете ја рачката за местење кон тркалото,
движејќи ја нагоре или надолу до избраната
висина. (Сл. 11)
Сите тркала ќе бидат на иста висина на косење.
8. УПАТСТВА ЗА ОДРЖУВАЊЕ
СВЕЌИЧКА
Користете само оригинална свеќичка за замена. За
најдобри резултати, заменувајте ја свеќичката на
секои 100 часа употреба.
9. УПАТСТВА ЗА
ПОДМАЧКУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ: ОТКАЧЕТЕ ГО КАБЕЛОТ ЗА
СВЕЌИЧКАТА ПРЕД СЕРВИСИРАЊЕ.
1. ТРКАЛА - Подмачкувајте ги лежиштата на секое
тркало барем еднаш во сезона со лесно масло.
2. МОТОР - Постапувајте според упатствата за
подмачкување од прирачникот за моторот.
10. ЧИСТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ: Не чистете го моторот со црево.
Водата може да го оштети моторот или да го загади
горивниот систем.
1. Бришете ја главата со сува крпа.
2. Чистете со црево под главата навалувајќи ја
косилката така што свеќичката ќе биде горе.
10-1 ПРЕЧИСТУВАЧ НА ВОЗДУХОТ НА
МОТОРОТ
ВНИМАНИЕ: Не дозволувајте земја или
прашина да го затнат сунѓерестиот елемент на
филтерот за воздух. Елементот на пречистувачот за
воздух на моторот треба да се сервисира (чисти) по
25 часа нормално косење. Сунѓерестиот елемент
мора да се сервисира редовно ако косилката се
користи во суви правливи услови.
ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ФИЛТЕРОТ ЗА ВОЗДУХ
1. Извадете ја завртката.
2. Извадете го капакот на филтерот.
3. Измијте го елементот на филтерот во сапуница.
НЕ КОРИСТЕТЕ БЕНЗИН!
4. Исушете го елементот на филтерот на воздух.
5. Ставете неколку капки масло SAE30 на
сунѓерестиот филтер и притиснете благо за да се
отстрани вишоко масло.
6. Вратете го филтерот на место.
НАПОМЕНА: Заменете го филтерот ако е искрзан,
искинат, оштетен или не може да се исчисти.
(Сл. 12)
10-2 СЕЧИЛО
ВНИМАНИЕ: Внимавајте да го откачите и
взејмите кабелот на свеќичката пред да работите на
сечилото за да не дојде до случајно палење на
моторот. Заштитете ги рацете со тешки ракавици или
крпа за да ги фатите сечилата. Навалете ја косилката
како што е одредено во посебниот прирачник за
моторот. Извадете ги имбус завртката и шајбната што
ги држат сечилото и адаптерот за погонската оска на
моторот. Извадете ги сечилото и адаптерот од оската.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Повремено
проверувајте го адаптерот за сечилото да не е
напукнат, особено ако удрите во некој тврд предмет.
Заменете ако е потребно.
За најдобри резултати, сечилото треба да е остро.
Сечилото може да се наостри откако ќе се извади и ќе
се избруси или истурпија работ за сечење колку што е
можно поблиску до оригиналната состојба. Многу е
важно секој раб за сечење да се избруси подеднакво
за да не дојде до неврамнотежено сечило.
Неправилна рамнотежа на сечилото ќе доведе до
прекумерни вибрации, што може да ги оштети
моторот и косилката. Внимателно врамнотежете го
сечилото по острењето. Сечилото може да се испроба
дали е врамнотежено со ставање на тркалезниот дел
од завртка. Отстранувајте метал од потешката страна
додека не се врамнотежи рамномерно.
Пред да ги составите сечилото и адаптерот со уредот,
подмачкајте ја оската на моторот и внатрешната
површина на адаптерот со лесно масло. Наместете го
адаптерот за сечилото на оската. Видете на Сл. 13.
Ставете го сечилото со бројот на делот свртен од
адаптерот. Порамнете ја шајбната преку сечилото и
вметнете ја имбус-завртката. Затегнете ја имбус-
завртката до моментот наведен подолу.
10-3 ВРТЛИВ МОМЕНТ ЗА
МОНТИРАЊЕ НА СЕЧИЛОТО
Средишна завртка 35 Nm - 45 Nm, за безбедна работа
на уредот. Сите навртки и завртки треба да се
проверуваат повремено дали се затегнати.
По подолга употреба, особено на попесоклива почва,
сечилото ќе се изаби и ќе го изгуби оригиналниот
облик. Сечењето ќе биде помалку ефикасно и
сечилото треба да се замени. Заменувајте го само со
фабрички одобрено сечило. Производителот не е
одговорен за евентуални оштетувања поради
неврамнотеженост на сечилото.
123

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Pm-46 nPm-46 s

Table des Matières