Milwaukee M18 FN15GA Notice Originale page 64

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 17
полнење треба да бидат извадени од полначот за батерии.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C и
на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Заштита од преоптоварување на батеријата за литиум-
јонски батерии
При преоптеретување на батеријата како резултат на мошне
висока потрошувачка на струја, на пример екстремно високи
вртежни моменти, заглавување на бургијата, ненадејно
стопирање или краток спој, електро-алатот вибрира 5 секунди,
приказот за полнење трепка и електро-алатот самостојно се
исклучува.
За повторно вклучување ослободете го притискачот на
прекинувачот, а потоа повторно вклучете.
Во случај на екстремни оптоварувања батеријата се загрева
премногу. Во таков случај трепкаат сите ламбички од приказот
за полнење сè додека батеријата не се излади. По гаснење на
приказот за полнење може да се продолжи со работа.
Транспорт на литиум-јонски батерии
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен
патен транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од
страна на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите
за транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција
и транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно
обучени лица. Целокупниот процес треба да биде стручно
надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а
сето тоа со цел да се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во
нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-
јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
РАБОТА СО УРЕДОТ
Оваа алатка располага со два режима на работа (види
илустрации):
Индивидуално активирање:
Шајката се забива со активирање на прекинувачот.
Контактно активирање:
Држете го притиснат прекинувачот, за шајката да биде автоматски
забиена при контакт со парчето што се работи.
Индикатор за полнење
Кога магацинот е скоро празен (содржи само 4–5 шајки), под
нормален притисок не се активира работен контакт и не се
забива шајка. Наполнете го магацинот за да може да продолжите
со работа.
Подесете ја длабочината на забивање (види илустрации)
Проверете што се наоѓа зад парчето што се работи. При
забивањето, шајката може да го пробие материјалот и сериозно
да повреди други лица. Намалете ја потребата од поголема
длабочина на забивање, за да спречите шајката да го пробие
материјалот.
Термичко преоптоварување
Ако електричната алатка се прегрее, таа нема да работи повеќе
и копчето за вклучување и индикаторот за активирање ќе
трепкаат. Штом електричната алатка се олади, таа ќе се врати
во избраниот режим. Потоа можете да продолжите со работата.
126
ОТСТРАНУВАЊЕ НА ЗАГЛАВЕНА ИГЛА
Повеќето од заглавувањата се предизвикани од игла или дел од
игла што се заглавени помеѓу водечкиот лист и водичот на иглата.
Лентите со игли со погрешен агол на наклонот или со погрешна
големина можат да предизвикаат трајно заглавување.
Отстранување на заглавувањето:
1. Отстранете ја батеријата.
2. ВНИМАНИЕ! При вметнување или отстранување на иглата,
секогаш држете ja иглата подалеку од себе и од другите лица.
Неисполнувањето на ова правило може да резултира во
повреда.
3. Отстранете ја лентата со игли од магазинот.
4. Извадете ја иглата со пар зашилени клешти. Доколку е
потребно, извадете го магазинот од уредот.
5. Пред да започнете повторно со работа, следете ги чекорите
во делот „Потребна дневна проверка".
НЕОПХОДНА Е СЕКОЈДНЕВНА ПРОВЕРКА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За да се намали ризикот од повреда
за вас или за други лица, секојдневно, пред да почнете со
работа, вршете ја следната проверка, пред сè ако алатката
паднала на земја, доживеала силен удар или била згазната.
Извршете ги следните проверки по дадениот РЕДОСЛЕД. Ако
алатката не функционира нормално, веднаш контактирајте ја
сервисната служба за клиенти на MILWAUKEE.
Секогаш насочувајте ја алатката понастрана од себе или од
други лица.
1. Извадете ја батеријата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! При вметнувањето на шајките
насочувајте ја алатката понастрана од себе или од други
лица. Во спротивност постои опасност од повреда.
2. Проверете си сите штрафови, болцни, навртки и штифни на
алатката. Лабавите елементи за прицврстување треба да се
прицврстат.
3. Повлечете го наназад придвижувачот на шајки во магацинот
(за да го деактивирате индикаторот за полнење) и
притиснете го работниот контакт на парчето што го работите.
Активирањето мора да следи непречено.
4. Кога работниот контакт се наоѓа на парчето што го работите,
притиснете го прекинувачот. Активирањето мора да следи
непречено.
5. Ставете ја батеријата.
6. Изберете го режимот на работа "индивидуално активирање".
Повлечете го наназад придвижувачот на шајки во магацинот
(за да го деактивирате индикаторот за полнење) без да го
активирате прекинувачот, и притиснете го работниот контакт
на парчето што го работите. Алатката не смее да започне
со работа. Тргнете го работниот контакт од парчето што го
работите и повлечете го наназад придвижувачот на шајки во
магацинот (за да го деактивирате индикаторот за полнење).
Прекинувачот држете го притиснат 5 секунди. Алатката не
смее да започне со работа. И понатаму држете го притиснат
прекинувачот и притиснете го работниот контакт на парчето
што го работите. Алатката не смее да започне со работа.
Пред да го притиснете прекинувачот, повлечете го наназад
придвижувачот на шајки во магацинот (за да го деактивирата
индикаторот за полнење) и притиснете го работниот контакт
на парчето што го работите. Притиснете го прекинувачот.
Алатката мора да почне со работа. Пуштете го прекинувачот.
Болцната за забивање мора да се придвижи нагоре.
7. Изберете го режимот на работа "контактно активирање".
Повлечете го наназад придвижувачот на шајки во магацинот
(за да го деактивирате индикаторот за полнење) без при тоа
да има контакт со парчето што го работите и притиснете го
прекинувачот. Алатката не смее да започне со работа. Држете
го прекинувачот и понатаму притиснат и притиснете го
работниот контакт на парчето што го работите. Алатката мора
да започне со работа.
8. По успешното вршење на сите овие проверки, алаткате може
МАКЕДОНСКИ
да биде пуштена во погон. Изберете го саканиот режим на
работа и вметнете ја лентата со шајки.
9. Подесете на длабочината на забивање согласно поглавјето
"Подесување на длабочината на забивање" и внимавајте на
илустрацииите.
10. По завршувањето на сите проверки уредот е спремен да биде
пуштен во погон. Проверките вршете ги на дневна основа
пред употребата на алатката, односно секогаш кога алатката
ќе ви падне, ќе доживее тежок удар, кога ќе биде згазната,
кога ќе се заглават шајки итн.
ОДРЖУВАЊЕ
Внимание! Содржи гас под притисок. Со цел да се избегнат
повреди, никогаш не обидувајте се да го отворите и/или
модифицирате производот. Производот смее да се поправа
и одржува само во овластена сервисна работилница на
Milwaukee.
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постојано.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку
некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат
заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на
Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на апаратот
со наведување на машинскиот тип и шестоцифрениот број на
табличката со учинокот или во Вашата корисничка служба или
директно кај Techtronic Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10,
71364 Winnenden, Германија.
СИМБОЛИ
Ве молиме пред да ја стартувате машината обрнете
внимание на упатствата за употреба.
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување
на каков и да е зафат врз машината.
Секогаш при користење на машината носете
ракавици.
Носте штитник за уши.
Не ја вдишувајте. Носете соодветна заштитна
маска.
Носете ракавици!
Вид на прицврстување:
- Дијаметар
- Должина
Држете ги рацете подалеку!
Содржина под притисок. Не отворајте ја
електричната алатка. Може да дојде до сериозни
повреди. Обратете се на овластен сервисен центар
за сите поправки.
Електричните апарати и батериите што се полнат
не смеат да се фрлат заедно со домашниот отпад.
Електричните апарати и батериите треба да се
собираат одделно и да се однесат во соодветниот
погон заради нивно фрлање во склад со начелата
за заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни служби или кај
специјализираниот трговски претставник, каде има
такви погони за рециклажа и собирни станици.
n
Вртежи на празен од
0
V
Напон
Истосмерна струја
Европска ознака за сообразност
Ознака за сообразност на ОК
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ
127

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

M18 fn16ga

Table des Matières