Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (3)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (5) е притиснат ова не е
возможно.
Десен тек: За дупчење и навртување на завртки
притиснете го прекинувачот за правец на вртење (3) на
левата страна нагоре и истовремено на десната страна
надолу.
Лев тек: За олабавување и одвртување на завртки и
навртки притиснете го прекинувачот за правец на вртење
(3) на левата страна надолу и истовремено на десната
страна нагоре.
Подесување на режимот на работа
Дупчење и одвртување
Поставете го прекинувачот (2) на ознаката
„Дупчење".
Ударно дупчење
Поставете го прекинувачот (2) на ознаката
„Ударно дупчење".
Прекинувачот (2) ќе се вклопи и може да се
активира и додека работи моторот.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(5) и држете го притиснат.
За фиксирање на притиснатиот прекинувач за
вклучување/исклучување (5) притиснете го копчето за
фиксирање (4).
За да го исклучите електричниот алат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (5) одн.
доколку тој е блокиран со копчето за фиксирање (4),
кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (5) и потоа отпуштете го.
Подесување на бројот на вртежи/удари
Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен
алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од
тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување (5).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (5) се постигнуваат мал број на вртежи/
удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на вртежи/удари.
Бирање на бројот на вртежи/удари
Со вртливото копче за подесување на бројот на вртежи
(6) може да го изберете потребниот број на вртежи/
удари и за време на користењето на алатот.
Неопходниот број на вртежи/удари зависи од
материјалот и работните услови и може да се одреди со
практична примена.
Bosch Power Tools
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Електричниот алат ставете го на навртката/
u
завртката само доколку е исклучен. Доколку алатите
што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да
се превртат.
По подолго работење со мал број на вртежи, за да го
оладите електричниот алат оставете го да се врти во
празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.
За дупчење на плочки поставете го прекинувачот (2) на
ознаката „Дупчење". Откако ќе ја продупчите плочката,
поставете го прекинувачот на ознаката „Ударно дупчење"
и работете со удари.
При работење во бетон, камен и ѕид користете дупчалка
за цврст метал.
При дупчење во метал, користете само беспрекорно
наострени HSS дупчалки (HSS = висококапацитетно брзо
сечење со челик). Квалитетот е загарантиран преку
Bosch програмата за опрема.
Со уредот за острење на бургии (опрема) лесно може да
ја наострите спиралната бургија со дијаметар од 2,5–10
mm.
За особено прецизно работење употребете сталак за
дупчење (опрема).
Машинското менгеме од опремата овозможува безбедно
затегнување на делот што се обработува. Ова го спречува
вртењето на делот што се обработува и несреќите што
може да настанат притоа.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
Македонски | 135
1 609 92A 5B6 | (01.12.2020)