OBJ_BUCH-3038-001.book Page 185 Wednesday, March 29, 2017 10:02 AM
Не го принесувајте мерниот уред во близина на пејсмејкери.
Магнетот во внатрешноста на мерниот уред создава поле, кое
може да ја наруши функцијата на пејсмејкерите.
Држете го мерниот уред подалеку од магнетски носачи на податоци и
уреди осетливи на магнет. Поради влијанието на магнетот, може да дојде до
неповратно губење на податоците.
Опис на производот и моќноста
Употреба со соодветна намена
Мерниот уред е наменет за одредување и проверка на хоризонтални и
вертикални линии, како и точки на вертикалата.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на мерните
апарати на графичката страница.
1 Излезен отвор за ласерскиот зрак
2 Прекинувач за вклучување/исклучување
3 Копче за начин на работа
4 Предупредување за батеријата
5 Приказ за видот на режим
6 Сериски број
7 Натпис за предупредување на ласерот
8 Фиксирање на поклопецот на преградата за батерија
9 Поклопец на преградата за батеријата
10 Прифат на стативот 1/4"
11 Статив*
12 Ласерски очила*
* Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака.
Bosch Power Tools
Македонски | 185
1 609 92A 3LH | (29.3.17)