OBJ_BUCH-3038-001.book Page 184 Wednesday, March 29, 2017 10:02 AM
184 | Македонски
Мерниот уред се испорачува со натпис за предупредување (означено на
приказот на мерниот уред на графичката страна со број 7).
Доколку текстот на налепницата за предупредување не е на вашиот јазик,
врз него залепете ја налепницата на вашиот јазик пред првата употреба.
Не го насочувајте ласерскиот зрак на лица или животни и не
погледнувајте директно во него или неговата рефлексија.
Така може да ги заслепите лицата, да предизвикате несреќи или
да ги оштетите очите.
Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш треба да ги затворите
и да ја тргнете главата од ласерскиот зрак.
Не вршете никакви промени на ласерскиот уред.
Не ги користете ласерските очила како заштитни очила. Ласерските очила
служат за подобро препознавање на ласерскиот зрак, но не заштитуваат од
ласерското зрачење.
Не ги користете ласерските очила како очила за сонце или пак во
сообраќајот. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат
препознавањето на бои.
Мерниот уред смее да се поправа само од страна на квалификуван
стручен персонал со оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на мерниот уред.
Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот мерен уред без надзор.
Може да ги заслепат другите лица поради невнимание.
Не работете со мерниот уред во околина каде постои опасност од
експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Мерниот уред
создава искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
1 609 92A 3LH | (29.3.17)
Bosch Power Tools