ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
ПРЕСАТА ЗА МАСТ
Производен број.....................................................................
Макс. Погонски притисок ............................................................
Количина на проток.....................................................................
Капацитет на наполнетост при полнење од садови .................
Капацитет на наполнетост со картуша ......................................
Цревен притисок .........................................................................
Волтажа на батеријата ..............................................................
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2003 .............................
Информација за бучавата/вибрациите
Измерените вредности се одредени согласно стандардот EN
60 745.
A-оценетото ниво на бучава на апаратот типично изнесува:
Ниво на звучен притисок. (Несигурност K=3dB(A)) ..................
Ниво на јачина на звук. (Несигурност K=3dB(A)) ......................
Носте штитник за уши.
Вкупни вибрациски вредности (векторски збир на трите
насоки) пресметани согласно EN 60745.
Вибрациска емисиона вредност ah ...........................................
Несигурност К ............................................................................
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Нивото на осцилација наведено во овие инструкции е измерено во согласност со мерните постапки нормирани во EN 60745 и може
да биде употребено за меѓусебна споредба на електро-алати. Ова ниво може да се употреби и за привремена проценка на
оптоварувањето на осцилацијата.
Наведеното ниво на осцилација ги репрезентира главните намени на електро-алатот. Но, доколку електро-алатот се употребува за
други намени, со отстапувачки додатоци или со несоодветно одржување, нивото на осцилација може да отстапи. Тоа може
значително да го зголеми оптоварувањето на осцилацијата за време на целиот работен период.
За прецизна проценка на оптоварувањето на осцилацијата предвид треба да бидат земени и времињата, во коишто апаратот е
исклучен или работи, но фактички не се употребува. Тоа може значително да го намали оптоварувањето на осцилацијата за време
на целиот работен период.
Утврдете дополнителни безбедносни мерки за заштита на операторот од влијанието на осцилациите, како на пример: одржување
на електро-алатот и на додатоци кон електро-алатот, одржување топли раце, организација на работните процеси.
ВНИМАНИЕ! Прочитајте ги безбедносните напомени и
упатства. Заборавање на почитувањето на безбедносните
упатства и инструкции можат да предизвикаат електричен
удар, пожар и/или тешки повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за
во иднина.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Висок притисок може да доведе до кинење кај цревото или
кршење на делови од орудието. Постои опасност од повреди
преку вбризгување или одвојување. Пред секоја употреба
апаратот и цревниот вод да се провери во однос на
оштетувања. При оштетувања апаратот да не се употребува.
Цревото при монтажа да се држи кај пружинското
растеретување за да се спречи превиткување.
Масти и средства за подмачкување се запаливи. Да не се
изложува на оган или на извори на жештина. Следете ги сите
предупредувања и напомени на производителот на масти и на
средства за подмачкување.
За да се спречат оштетувања кај пресата за маст и пумпата,
приклучокот на пумпата мора да е компатибилен со спојката
на цревото и мора да издржи притисок од барем 690 бари.
Секогаш носете ракавици кога ја користите машината. Исто
така препорачливо е да се носат очила, цврсти чевли кои не се
лизгаат и престилка.
Отстранете ја батеријата пред да започнете да ја користите
машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и
не горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги собираат старите
батерии, со што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од
краток спој).
Користете исклучиво Систем M18 за полнење на батерии од
M18 систем. Не користете батерии од друг систем.
70
МАКЕДОНСКИ
M18 GG
..................... 4404 26 03...
...000001-999999
.........................690 bar
...........................74 g/min
.........................454 g
......................... 411 g
.........................690 bar
...........................18 V
..........................3,9 kg
........................73,0 dB (A)
........................84,0 dB (A)
.......................< 2,5 m/s
2
..........................1,5 m/s
2
Киселината од оштетените батериите може да истече при
екстремен напон или температури. Доколку дојдете во контакт
со исатата, измијте се веднаш со сапун и вода. Во случај на
контакт со очите плакнете ги убаво најмалку 10минути и
задолжително одете на лекар.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар, од
наранувања или од оштетување на производот, коишто ги
создава краток спој, не ја потопувајте во течност алатката,
заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и во
батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или
електроспроводливи течности, како солена вода, одредени
хемикалии, избелувачки препарати или производи кои содржат
избелувачки супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Пресата за маст е соодветна за подмачкување на места за
подмачкување кои што вообичаено се подмачкуваат со преси
за маст. Мора да се употребуваат вообичаените и за употреба
во преси за маст соодветни масти во картуши или садови.
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен
пропишаниот за нормална употреба.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Во своја сопствена одговорност изјавуваме дека под "Технички
податоци" опишаниот производ е во склад со сите релевантни
прописи од регулативата 2011/65/EU (RoHs), 2014/30/EU,
2006/42/EC и следните хармонизирачки нормативни
документи:
EN 60745-1:2009 + A11:2010
EN 55014-1:2006 + A1:2009 + A2:2011
EN 55014-2:2015
EN 50581:2012
Winnenden, 2017-11-30
Alexander Krug
Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10
71364 Winnenden
Germany
БАТЕРИИ
Подолг период неупотребувани комплети батерии да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат
траењето на батериите. Избегнувајте подолго изложување на
батериите на високи температури или сонце (ризик од
прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век, по употреба батериите мора да
бидат целосно наполнети.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на
батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C и
на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
ЗАШТИТА ОД ПРЕОПТЕРЕТУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
Батериското пакување е опремено со заштита од
преоптоварување што ја штити батеријата од
преоптоварување и обезбедува долг работен век.
При екстремно висок степен на употреба, електрониката на
батеријата автоматски ја исклучува машината. За да
продолжите со работа исклучете ја машината и вклучете ја
повторно. Доколку машината не се вклучи повторно, можно е
батериското пакување да е испразнето. Тогаш тоа ќе мора да
биде наполнето во апаратот за полнење.
ВЕТРЕЕЊЕ НА ПРЕСАТА ЗА МАСТ
Цревото да се држи кај пружинското растеретување и да се
држи понастрана од телото.
Прекинувачот да се држи 3 секунди, да се отпушти и ова да се
повторува онолку долго, сé додека маста ќе тече од цревото.
Ако и после повеќе обиди од цревото не излегува маст,
пресата за маст мора да се изветрее мануелно:
Прачката извлечете и извртете ја од држачот за прачката да се
влежишти во клипот.
Вентилот за вентилирање да се притисне и истовремено
прачката повторно да се втисне во цилиндарот.
Откако од цревото ќе излезе маст, рачката да се изврти за
клипот повторно да се разреши и прачкат потоа повторно
комплетно да се втисне во цилиндарот
Напомена: Оваа преса за маст е испитана фабрички. Поради
тоа во куќиштето на пумпата има мали количини на маст, исто
и во цревото и во спојката. Се препорачува пред првата
употреба пресата за маст да се очисти со препорачаната
маст/.
НАОЃАЊЕ НА ГРЕШКИ
Шипката не се извлекува:
Притиснете го вентилот за проветрување за да се намали
притисокот.
Шипката не се втиснува:
Со помош на рачката завртете ја шипката за 90 степени и
одвоете ја од клипот.
Кога прекинувачот е активиран нема масло:
Цилиндарот е празен, дополнете масло. Во цилиндарот има
воздушни меури, проветрете ја мазалицата.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен
патен транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од
страна на шпедитерски претпријатија подлежни на
одредбите за транспорт на опасни материии. Подготовките
за шпедиција и транспорт треба да ги вршат исклучиво
соодветно обучени лица. Целокупниот процес треба да биде
стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а
сето тоа со цел да се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во
нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени
литиум-јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
ОДРЖУВАЊЕ
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба да
бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните
агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на
апаратот со наведување на машинскиот тип и
шестоцифрениот број на табличката со учинокот или во
Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Германија.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред
отпочнување на каков и да е зафат врз
машината.
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за
употреба.
Електричните апарати и батериите што
се полнат не смеат да се фрлат заедно со
домашниот отпад.
Електричните апарати и батериите треба
да се собираат одделно и да се однесат во
соодветниот погон заради нивно фрлање во
склад со начелата за заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни
служби или кај специјализираниот трговски
претставник, каде има такви погони за
рециклажа и собирни станици.
СЕ-знак
Национален конформитетски знак за
Украина
EurAsian (Евроазиски) знак на
конформитет.
МАКЕДОНСКИ
71