GGP ITALY PAN 504 Série Manuel D'utilisation page 49

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 25
MK
ПРАВИЛА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
СТРОГО ПРИДРЖУВАЈТЕ СЕ ДО ОВИЕ ПРАВИЛА
А) ОБУКА
1) Внимателно прочитајте ги упатствата. Запознајте се со коман-
дите и правилното користење на косачката. Научете како брзо да го
сопрете моторот.
2) Употребувајте ја косачката само за она за што е наменета,
односно за косење и собирање на тревата. Било каква друга
употреба може да биде опасна и да предизвика оштетување на
машината. Се отфрлаат при неправилна употреба (како пример, но
не се ограничува на следното):
– превоз на деца или животни врз машината,
– транспорт на машината,
– употреба на машината за влечење или буткање товар,
– употреба на машината за собирање лисја или гранки,
– употреба на машината за порамнување огради или за сечење
вегетација што не е трева,
– употреба на машината од страна на повеќе луѓе,
– вклучување на сечивото врз терени на кои нема трева.
3) Никогаш не дозволувајте деца или лица кои не ги познаваат овие
упатства да ја употребуваат косачката. Можно е да постојат
локални законски прописи во поглед на возраста на корисникот.
4) Никогаш немојте да ја користите тревокосачката:
– кога во нејзина непосредна близина се наоѓаат други лица, деца
или домашни животни и миленици;
– ако корисникот е под дејство на лекарства или други супстанции
кои можат да влијаат на неговата способност за брзо реагирање и
концентрација.
5) Имајте на ум дека корисникот е одговорен за незгодите или
опасноста по други лица или нивниот имот.
В) ПОДГОТОВКА
1) Кога косите, секогаш носете долги пантолони и издржливи
обувки. Немојте да работите со тревокосачката босоноги или
во отворени сандали.
2) Внимателно прегледајте ја површината каде ќе ја употребите
тревокосачката и отстранете ги сите објекти кои таа би можела да
ги исфрли (камења, стапчиња, колчиња, парчиња жица, коски,
итн.).
3) ВНИМАНИЕ: ОПАСНОСТ! Г оривото е лесно запалливо:
– Г оривото складирајте го во садови специјално изработени за таа
намена.
– Турајте гориво со инка и секогаш на отворено. Немојте да пу-
шите додека туривате гориво или ракувате со горивото.
– Турете гориво пред да го запалите моторот. Никогаш немојте да го
отворате капачето на резервоарот или да дополнувате со гориво
додека моторот работи или е уште загреан.
– Ако се истури гориво, немојте да го палите моторот, туку прво
отстранете ја косачката од местото на истурање и избегнувајте
палење на оган додека не испари целото истурено гориво.
– Докрај затворајте го капачето на резервоарот и садовите со го-
риво.
4) Заменете ги неисправните придушувачи.
5) Пред да започнете со косење, секогаш визуелно прегледајте
ја косачката, посебно ножот, и проверете дали сите завртрки и
целиот склоп на ножот е неоштетен или истрошен. Истрошените
или оштетени ножеви и завртки менувајте ги во комплети, за да се
зачува балансот.
6) Пред косење, поставете ги штитниците на излезните отвори (за-
фаќачот на откос или дефлекторот).
С) КОРИСТЕЊЕ
1) Немојте да го палите моторот и да работите со косачката во ог-
раден или затворен простор каде може да се соберат опасните
јаглерод-моноксидни гасови.
2) Косете само дење или при добро вештачко осветление.
3) Избегнувајте употреба на косачката на влажна трева, ако е мо-
жно.
4) Внимателно движете со по косини.
5) Немојте да трчате и не дозволувајте косачката да ве влече.
6) На косини косете вдолж наклонот, никогаш попреку (нагоре-на-
долу).
7) При менување на насоката и правецот на движење на косини
бидете посебно внимателни.
8) Немојте да косите на наклони поголеми од 20°.
9) Кога ја повлекувате косачката кон себе, бидете посебно
внимателни.
10) Кога косачката треба да ја пренесете преку површина која не е
под трева, или додека ја носите до површината која треба да се
коси, запрете до ножот.
11) Немојте да ја користите косачката со неисправни штитници, или
без штитници.
12) Не менувајте ги местењата на моторот и немојте да го користите
при превисоки вртежи.
13) На моделите со погонски тркала исклучете го погонот пред да го
стартувате моторот.
14) Моторот стартувајте го според упатствата и осигурете се дека
нозете се на сигурна оддалеченост од ножот.
15) Кога го стартувате моторот немојте да ја навалувате косачката.
Моторот стартувајте го на рамна површина без запреки и висока
трева.
16) Не ги приближувајте рацете или ноуете до или под подви-
жните делови на косачката. Секогаш држете се настрана од
отворите.
17) Никогаш немојте да ја кревате или носите косачката ако мо-
торот работи.
18) Запрете го моторот и исклучете го кабелот на свеќичката:
– пред да пристапите кон било каква работа под платформата на
ножот или отворот за исфрлање;
– пред проверка, чистење или работа на тревокосачката;
– по удар во непознат предмет. Проверете дали тревокосачката е
оштетена и поправете ја пред да продолжите со работа;
– ако тревокосачката започне да вибрира на ненормален начин
(веднаш побарајте ја причината за вибрациите и однесете ја за
неопходни проверки во специјализиран сервис).
19) Запрете го моторот:
– кога тревокосачката ја оставате без надзор. Од моделите со
електричен стартер извадете го клучот;
– пред дополнување со гориво;
– секогаш кога го вадите или заменувате магацинот за трева;
– пред регулирање на височината на косење.
20) При гаснење на моторот, прво намалете ги вртежите, а по га-
снењето и по завршување со работа затворајте ја славинката на
доводот за гориво.
21) Кога косите, држете се на безбедно растојание од ножот. Тоа
растојание е должината на ракофатот за водење на тревоко-
сачката.
D) ОДРЖУВАЊЕ И ОДЛАГАЊЕ
1) Сите завртки, навртки и лостови одржувајте ги соодветно
зацврстени за да сте сигурни дека косачката е безбедна за работа.
Редовното одржување е основен предуслов за безбедност и за од-
ржување на добрите перформанси на тревокосачката.
2) Никогаш немојте да ја одлагате тревокосачката со полн резер-
воар во зграда каде испарувањата можат да допрат до отворен
пламен или извор на топлина.
3) Пред одлагање во затворена просторија, дозволете моторот да
се излади.
4) За да го намалите ризикот од запалување, одржувајте го мо-
торот, придушувачот на издувот, делот со акумулаторот
местото каде го чувате горивото чисти и без остатоци од трева,
лисје или масни наслојки. Во таа просторија немојте да чувате
контејнери со отпадоци.
5) Проверувајте го дефлекторот и магацинот почесто за да утврдите
навреме дали се оштетени или истрошени.
6) Ако резервоарот треба да се празни, ова треба да се прави на
отворено и кога моторот е оладен.
7) Кога го вадите или склопувате ножот, носете груби работни ра-
кавици.
8) После острењето, проверете ја урамнотеженоста на ножот.
Сите операции кои се однесуваат на ножот (расклопување,
острење, урамнотеженост, склопување и/или замена) се работа која
бара специфична надлежност како и примена на соодветни алатки;
поради безбедносни причини, потребно е сите операции да бидат
извршени во специјализиран центар.
9) Заради безбедност, не употребувајте ја машината ако некои
делови се во лоша состојба или оштетени. Деловите треба да се
заменат и никогаш да не се поправаат. Користете оригинални
резервни делови. Деловите со несоодветен квалитет може да ја
оштетат машината и да ја загрозат личната безбедност.
E) ТРАНСПОРТ И ДВИЖЕЊЕ
1) Секогаш кога е потребно движење, подигнување, транспорт или
наведнување на тревокосачката, потребно е:
– а да носите цврсти ракавици за работа;
– а да ја фатите тревокосачката на места кои нудат сигурно
прифаќање, водејќи сметка за тежината и за нејзиниот
транспорт;
– да ангажирате луѓе што соодветствуваат со тежината на
машината и на карактеристиките на превозното средство или на
местото каде што машината треба да биде поставена или
подигната.
2) За време на транспорт, обезбедете ја соодветно машината со
помош на јажиња или синџири.
и
47

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Np 534 série

Table des Matières