Ставање Во Употреба - Bosch LR 6 Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour LR 6 Professional:
Table des Matières

Publicité

Ако не го користите ласерскиот приемник подолго време, извадете ги
u
батериите. При подолго складирање во ласерскиот приемник, батериите може
да кородираат и да се испразнат.
Употреба
Ставање во употреба
Заштитете го ласерскиот приемник од влага и директно изложување на
u
сончеви зраци.
Не го изложувајте ласерскиот приемник на екстремни температури или
u
осцилации во температурата. На пр. не го оставајте долго време во
автомобилот. При големи осцилации во температурата, оставете го ласерскиот
приемник најпрво да се аклиматизира, пред да го ставите во употреба. При
екстремни температури или осцилации во температурата, прецизноста на
ласерскиот приемник може да се наруши.
Поставување ласерски приемник (види слика A)
Поставете го ласерскиот приемник на оддалеченост најмалку 5 m од линискиот
ласер. Проверете дали е активен режимот на приемник на линискиот ласер.
Изберете режим на работа, кај кој се произведува или хоризонтална или вертикална
ласерска рамнина.
Напомена: Не избирајте истовремено вид на режим со хоризонтално и вертикално
ласерско ниво (режим на вкрстени линии), затоа што може да настанат грешни
прикази на висината на ласерските зраци.
Поставете го ласерскиот приемник, на тој начин што ласерскиот зрак ќе достигне до
полето за прием (9). Порамнете го на тој начин, така што ласерскиот зрак паѓа
напречно на приемното поле (како што е прикажано на сликата).
Вклучување/исклучување
При вклучување на ласерскиот приемник се слуша гласен сигнален тон.
u
Затоа држете го ласерскиот приемник подалеку од ушите одн. други лица
при вклучувањето. Гласниот тон може да го оштети слухот.
За вклучување на ласерскиот приемник, притиснете го копчето за вклучување-
исклучување (2). Кратко светнуваат сите LED-светилки и се огласува сигнален тон.
По вклучувањето на ласерскиот приемник, секогаш најниската гласност и точноста
на прием се поставени на „фино".
Bosch Power Tools
Македонски | 183
1 609 92A 4HV | (19.05.2020)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières