OBJ_DOKU-31566-005.fm Page 152 Monday, May 4, 2015 5:13 PM
152 | Македонски
Македонски
Безбедносни напомени
Безбедносни напомени за батериската светилка
Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност.
Грешките настанати како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат
електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Ве молиме прочитајте ги и внимавајте на безбедносните напомени и
упатства, што се приложени на батеријата или електричниот апарат.
Со батериската светилка не работете во околина каде има опасност од
експлозија.
По автоматското исклучување на батериската светилка, не притискајте
на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Не го насочувајте зракот светлина на лица или животни и не
погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост.
Не го покривајте копчето за светло, доколку батериската светилка е
вклучена. Главата на светилката се затоплува со текот на работата и може да
предизвика изгореници, доколку се акумулира топлина.
Не ги користете батериските светилки во сообраќајот. Батериските
светилки не се дозволени за осветлување во сообраќајот.
Пред било каква интервенција на батериската светилка (на пр. монтажа,
одржување итн.) како и при транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од батериската светилка.
Не им дозволувајте на децата да ја користат батериската светилка. Таа е
наменета за професионална употреба. Децата можат од невнимание да се
заслепат себе си или другите лица.
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од трајно изложување
на сончеви зраци, оган, вода или влага. Постои опасност од
експлозија.
1 609 92A 19Z | (4.5.15)
Bosch Power Tools