OBJ_BUCH-3177-001.book Page 157 Monday, June 12, 2017 10:35 AM
Целосно автоматска блокада на вретеното (Auto-Lock)
Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување 10 не
е притиснат, вретеното за дупчење и прифатот ќе се
фиксира.
Ова овозможува зашрафување на шрафови и при
испразнета батерија одн. користење на електричниот алат
како шрафцигер.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот апарат. При големо оптоварување или
пречекорување на дозволената температура
акумулаторот електрониката го исклучува електричниот
апарат, додека не се врати во оптималните граници на
температура.
Совети при работењето
Електричниот апарат ставете го на шрафот само
доколку е исклучен. Доколку апаратот е вклучен и се
врти, тој може да се преврти и падне.
По долготрајна работа со мал број на вртежи, за да го
оладите електричниот апарат оставете го да се врти во
празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.
При дупчење во метал, користете само беспрекорно
наострени HSS дупчалки (HSS=висококапацитетни за
брзо сечење со челик). Програмата на опрема на Bosch
гарантира квалитет.
Пред зашрафување на големи, подолги шрафови во
цврсти материјали, претходно издупчете
на шрафот според внатрешниот дијаметар на навојот.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
Доколку батеријата не функционира повеќе, Ве молиме
обратете се во овластената сервисна служба за Bosch
електрични апарати.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
Bosch Power Tools
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на
Законот за опасни материјали. Батериите може да се
транспортираат само од страна на корисникот, без
потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте
ја батеријата на тој начин што нема да се движи во
амбалажата.
Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни
национални прописи.
Отстранување
2
/
од должината
3
Електричните апарати, батериите, опремата и
амбалажите треба да се отстранат на еколошки
прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати и батериите
во домашната канта за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според европската регулатива 2012/19/EU електричните
апарати што се вон употреба и дефектните или
искористените батерии според регулативата 2006/66/EC
мора одделно да се соберат и да се рециклираат за
повторна употреба.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во дел „Транспорт",
cтрана 157.
Се задржува правото на промена.
Македонски | 157
1 609 92A 3T5 | (12.6.17)