Milwaukee AG 24-230 E Notice Originale page 63

Masquer les pouces Voir aussi pour AG 24-230 E:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 16
б) Секогаш употребувајте ја заштитната капа што е предвидена
за употребуваниот тип на алат за брусење. Заштитната капа
мора да биде сигурно поставена на електро-алатот и да биде
така нагодена, што ќе се постигне максимално ниво на
безбедност, тоа значи најмал дел од алатот за брусење да е
насочен кон операторот. Заштитната капа треба да го штити
операторот од парчиња и од случаен контакт со телото за брусење.
в) Телата за брусење смеат да се употребуваат само за
препорачаните можности за употреба. На пример: никогаш не
брусење со страничната површина од диск за делење. Дисковите за
делење се наменети за отстранување на материјал со работ на
дискот. Дејството на странична сила врз овие тела за брусење може
да ги скрши истите.
г) Секогаш употребувајте за дисковите за брусење што сте ги
одбрале неоштетени фланши за стегање, со исправна големина
и форма. Соодветните фланши го заштитуваат дискот за брусење и
на тој начин ја намалуваат опасноста од кршење на дискот за
брусење. Фланшите за дискови за делење можат да се разликуваат
од фланшите за други дискови за брусење.
д) Не употребувајте искористени дискови за брусење од
поголеми електро-алати. Дисковите за брусење за поголеми
електро-алати не се погодни за повисоките броеви на вртежи кај
помалите електро-алати и можат да се скршат.
Други специјални безбедносни упатства за брусење со делење:
а) Избегнувајте заглавување на дискот за делење или премногу
висок контактен притисок. Не изведувајте претерано длабоки
засеци. Преоптоварувањето на дискот за делење го зголемува
неговиот напор и чувствителноста за извртување или блокирање, а
со тоа и на можноста за повратен удар или за кршење на телото за
брусење.
б) Избегнувајте го доменот пред и зад ротирачки диск за
делење. Доколку дискот за делење го движите во материјалот за
обработка во насока подалеку од себе, во случај на повратен удар
електро-алатот со дискот што се врти, може да се насочи директно
кон вас.
в) Доколку дискот за делење се заглави или доколку прекинете
со работа, исклучете го електро-алатот и држете го мирно сè
додека дискот не постигне состојба на мирување. Никогаш не
обидувајте се, да го извлечете дискот од засекот додека се
врти, во спротивно може да дојде до повратен удар.
Констатирајте и отстранете ја причината за заглавувањето.
г) Не вклучувајте го електро-алатот повторно, сè додека истиот
се наоѓа во материјалот за обработка. Дозволете дискот да го
достигне целиот број на вртежи, пред внимателно да го
продолжите сечењето. Во спротивно дискот може да заглави, да
отскокне од материјалот за обработка или да предизвика повратен
удар.
д) Потпрете ги плочите или големите материјали за обработка,
за да го намалите ризикот од повратен удар како резултат на
заглавен диск за делење. Големи материјали за обработка може
да свијат како последица на својата тежина. Материјалот за
обработка мора да биде потпран на двете страни и тоа како во
близина на засекот за делење така и на работ.
ѓ) Бидете особено внимателни при „сечење џебови" кај ѕидови
или во други непрегледни области. Дискот што навлегува може да
предизвика повратен удар при сечење во гасоводи или водоводи,
понатаму во електрични водови или други објекти.
Специјални безбедносни упатства за мазнење со хартија за
шмирглање:
a) Не употребувајте прекудимензионирани листови за мазнење.
Следете ги податоците на производителот по однос на
големината на листот за мазнење. Листови за шмирглање што
зјаат надвор од подлогата за мазнење, можат да предизвикаат
повреди како и блокирање, кинење на листовите или да доведат до
повратен удар.
Специјални безбедносни упатства во врска со работата со
четките со жица:
a) Внимавајте на тоа, дека четката со жица во текот на
вообичаената употреба губи парчињ од жицата. Не ги
преоптоварувајте жиците со премногу голем притисок на допир.
Парчиња од жицата што се разлетуваат можат да навлезат низ тенка
облека и/или во кожата.
124
МАКЕДОНСКИ
б) Доколку е препорачана заштитна капа, спречете да дојде до
можност за допир помеѓу заштитната капа и четката со жица. Кај
четките со подножје и за четкање може да дојде до зголемување на
нивниот дијаметар како резултат на притисокот при допир и на
центрифугалните сили.
Останати безбедносни и работни упатства
При глодање на метал, се создаваат летечки искри. Погрижете се
луѓето да не бидат загрозени. Поради ризик од пожар, запалливи
матери не смеат да бидат лоцирани во близина (зона на искрење).
Не користете издув за прав.
Избегнувајте искри и прашина од брусењето да го погодат телото.
Никогаш не посегнувајте во зоната на опасната работна површина
при вклучена машина.
Во случај на значителни вибрации или појава на други
неправилности веднаш исклучете ја машината со цел да ја најдете
причината за нив.
При екстремни услови на работа (на пр. кај глатко брусен метал со
потпорни тањири и дискови од вулканизирани влакна за брусење)
може да се наталожи силен талог на нечистотија во внатрешноста
на аголната брусилица (метални наталожувања). Под вакви работни
услови поради безбедносни причини потребно е претходно
вклучување на заштитниот прекинувач на струјата на дефектот.
После реагирање на FI-заштитниот прекинувач машината мора да
се испрати на oдржување.
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат додека е
машината работи.
ГЛАВНИ ВРСКИ
Да се спои само за една фаза АС коло и само на главниот напон
наведен на плочката. Можно е исто така и поврзување на приклучок
без заземјување доколку изведбата соодветствува на безбедност од
2 класа.
Уредите кои се користат на многу различни локации вклучувајки и
отворен простор мора да бидат поврзани за струја преку направата
за поврзување (FI, RCD, PRCD).
Вклучувањето на кабелот во струја се прави исклучиво машината е
исклучена.
Не дозволувајте какви и да се метални делови да дојдат до отворите
за вентилација-ризик од куршлус!
предизвикува краткотрајни падови на напонот. При неповолни
услови на напојување, останатата опрема може да биде оштетена.
Дококу отпорот на системот на снабдувањето е помал од 0,2Оhm,
мала е веројатноста за појава на пречки.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Аголната брусилка се употребува за делење и брусење согребење
(грубо гребење) на голем број материјали како например на метал
или камен, како и за мазнење на подлогиза мазнење на пластика и
за работа со четка со челичнажица. Во секој случај почитувајте ги
упатствата напроизводителите на приборот.
За работи со делење употребувајте ја заштитната капа од
програмата за прибор.
Во секој случај почитувајте ги упатствата напроизводителите на
приборот.
Eлектричното орудие е прикладно само за сува обработка.
РАБОТНИ УПАТСТВА
За алатите кои се наменати за опремување со шилесто тркало за
дупчење, осигурете се дека жицата во тркалото е доволно долга за
да ја прифати должината на вретеното.
Сечени и брусени плочи да се употребуваат и чуваат секогаш према
податоците на производителот.
Во случај на груба обработка и пресекување секогаш се работи со
заштитна капа.
При расцепување на камен мора да биде користена подлошка
водилка!
Коленчестите плочи за стругање мора да бидат монтирани на тој
начин, што нивната клизна површина ќе завршува барем 2 мм под
рамнината на работ на заштитната капа.
Шрафот за штелување мора да биде затегнат пред да се почне со
работа со машината.
Секогаш користете ја помошната рачка.
Работни предмети кои што се обработуваат мора да бидат цврсто
стегнати доколку не се држи со самата своја тежина. Работните
предмети никогаш да не се водат рачно према плочата.
ЗАШТИТА ОД ПОВТОРНО ПРИДВИЖУВАЊЕ
Машините со аретирачки прекинувач се опремени со заштита од
повторно придвижување. Таа заштита спречува да дојде до
повторно придвижување на машината по снемување струја. Во
случај на повторно започнување со работа, исклучете ја машината и
потоа вклучете ја повторно.
ОГРАНИЧУВАЧ НА СТАРТНАТА СТРУЈА-КОЛО + МАЗЕН СТАРТ
Стартната струја за машината е неколку пати повисока просечната
струја. Ограничувачот на стартната струја произведува почетна
струја до таква мера што осигурувачот (16А, спор-...) не се вклучува.
Електронски контролиран мазен старт за безбедно користење кој
штити од почетното нагло задвижување на машината.
ОДРЖУВАЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постојано.
Доколку приклучниот вод на електричното орудие е оштетено, ќе
мора да се замени со специјално подесен вод кој што може да се
добие преку сервисната организација.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку
некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети,
Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на Milwaukee
(консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ на
алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и типот на
машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја скицата кај
локалниот застапник или директно кај: Techtronic Industries GmbH,
Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Како производител, изјавуваме под целосна одговорност дека
„Техничките податоци" подолу го опишуваат производот со сите
релевантни одредби од регулативите 2011/65/ЕУ (RoHS), 2014/30/
ЕЗ, 2006/42/ЕЗ и се усогласени со следниве хармонизирани
регулаторни документи:
EN 60745-1:2009+A11:2010
EN 60745-2-3:2011+A2:2013
EN 55014-1:2017+A11:2020
EN 55014-2:2015
EN 61000-3-2:2014
EN 61000-3-3:2013
EN IEC 63000:2018
Winnenden, 2021-01-20
Alexander Krug
Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10
71364 Winnenden
Germany
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Секогаш кога преземате активности врз машината
исклучете го кабелот од струјата.
Ве молиме пред да ја стартувате машината обрнете
внимание на упатствата за употреба.
Секогаш при користење на машината носете ракавици.
Носете ракавици!
Не употребувајте сила.
Само за работи на брусење.
Само за работи на сечење.
Дополнителна опрема - Не е вклучена во
стандардната, а достапна е како додаток.
Електричните апарати не смеат да се фрлат заедно со
домашниот отпад.
Електричните и електронсите апарати треба да се
собираат одделно и да се однесат во соодветниот
погон заради нивно фрлање во склад со начелата за
заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни служби или кај
специјализираниот трговски претставник, каде има
такви погони за рециклажа и собирни станици.
Електрично орудие од заштитната категорија II.
Електрично орудие чијашто заштита од електричен
удар не зависи само од основната изолација туку и од
тоа дали ќе се применат дополнителните заштитни
мерки како што се двоструките изолации или
појачаната изолација.
Не постои никаква направа за приклучување на некој
заштитен вод.
Европска ознака за сообразност
Британска ознака за сообразност
Regulatory Compliance Mark (RCM). Производот ги
исполнува важечките прописи.
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ
125

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Agv 24-230 eAgv 24-230 geAgv 26-230 geAgv 26-180 ge

Table des Matières