повторната употреба на
рециклираните материјали
спречува штета на животната
средина и ја намалува
потребата за примарни
материјали.
3. ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МАШИНАТА
3.1 ОПИС НА МАШИНАТА И
ПРЕДВИДЕНА УПОТРЕБА
Оваа машина претставува градинарска
опрема и конкретно преносен поткаструвач
на грмушки/жива ограда на батерии.
Машината главно се состои од мотор којшто
со помош на оска за пренос активира
уред за сечење (макара со конец).
Уредот со сечивото работи речиси паралелно
со теренот (ако ја користите машината како
тревокосачка) и речиси попречно на теренот
(кога се користи како поткаструвач).
Операторот може да вклучува
разни главни команди секогаш
одржувајќи го безбедносното
растојание од уредот за сечење.
3.1.1 Предвидена употреба
Оваа машина е проектирана
и конструирана за:
– косење треба и бездрвна вегетација
(на пр. по рабови на леи, овоштарници,
крај ѕидови, зелени огради или зелени
површини со ограничена површина,
– довршување на косењето
направено со тревокосачка,
– Само еден оператор може да ја користи.
3.1.2 Несоодветна употреба
Која и да е друга употреба,поинаква од
горенаведените, може да претставува
опасност и да предизвика повреди и штети
за лица и/или предмети. Се отфрлаат
при неправилна употреба (како пример,
но не се ограничува на следното):
– никогаш не користете ја машината за
метење, накривувајќи ја макарата со
конецот. Моќноста на моторот може
да отфрли предмети и мали камчиња
повеќе и од 15 метри со што може
да се предизвикаат оштетувања
и да се повредат луѓе при:
– регулација на живата ограда или
други работи така што уредот со
сечивото се наоѓа одоздола:
– сечење и кршење бусени,
жбунови и цвеќиња,
– употреба на машината за
косење материјали што не се
од вегетативна природа;
– употреба на машината со уредот
за сечење над линијата на
ременот на операторот,
– употреба на машината во јавни паркови,
спортски центри, долж патишта, во шума,
– употреба на уреди со сечива
што не се наведени во табелата
„Технички податоци". Опасност од
сериозни повреди и оштетувања.
– употреба на машината од
страна на повеќе луѓе.
ВАЖНО Несоодветната употреба
на машината доведува до отфрлање на
гаранцијата и ја отфрла секоја одговорност
на производителот, префрлувајќи
ги на корисникот произлезените
обврски предизвикани од повреди или
оштетувањата лично или на трети лица.
3.1.3 Вид на корисник
Оваа машина е наменета да ја користат
корисници, т.е. оператори коишто
не се професионалци. Наменета
е за „домашна употреба".
3.2 БЕЗБЕДНОСНА СИГНАЛИЗАЦИЈА
На машината има симболи (сл. 2). Нивната
задача е да го потсетуваат операторот на
постапките што треба да ги следи внимателно
и со задолжителни мерки за претпазливост.
Значење на симболите:
MK - 8
ВНИМАНИЕ! ОПАСНОСТ!
Оваа машина може да
биде опасна за вас или
за другите доколку не
се користи правилно.
ВНИМАНИЕ! Пред
да ја користите оваа
машина, прочитајте го
упатството за употреба.