Распакувањето и целата монтажа
треба да се извршат на цврста и
рамна површина со доволно простор
за поместување на машината и на
амбалажата користејќи секогаш
соодветни алати. Не користете
ја машината пред да завршите
со сите постапки наведени во
поглавјето „МОНТИРАЊЕ".
4.1 ДЕЛОВИ ЗА МОНТИРАЊЕ
Пакувањето ги содржи деловите за монтажа.
4.1.1 Распакување
1. Отворете го пакувањето внимателно
за да не ги расфрлите деловите.
2. Прочитајте ја документацијата во кутијата
каде се наведени овие упатства.
3. Извадете ги од кутијата сите
делови што не се монтирани.
4. Извадете ја машината од кутијата.
5. Фрлете ги кутијата и амбалажата
согласно локалните одредби.
Пред да започнете со
монтирање, уверете се дека
батеријата не е на своето место.
4.2 МОНТИРАЊЕ НА ОСКАТА
1.a
Модел TR 24 Li B
– Вметнете и притиснете го долниот дел на
оската (сл. 3.A) во горниот дел (сл. 3.B)
додека не се заклучи и блокира на место.
ЗАБЕЛЕШКА Штом ќе се состави,
оската не може веќе да се расклопува.
Оската може да се прилагодува
по должина
(пасус 6.1.3).
1.b
Модел TR 24 Li
– Порамнете го горниот дел на оската
(сл. 4.A) за долниот дел (сл. 4.B),
следејќи ги насоките на стрелките.
– Вметнете го долниот дел во
горниот дел на оската.
– Откако вметнувањето ќе се комплетира,
стегнете ја докрај рачката (сл. 4.C)
следејќи го правецот што го посочува
стрелката - заклучен катанец
– уверувајќи се дека долниот дел
на оската е затегнат правилно.
4.3 ПОСТАВУВАЊЕ НА РАЧКИТЕ
4.3.1 Поставување на предната рачка
1.a
Модел TR 24 Li B
– Вметнете ја предната рачка (сл. 5.A) на
оската (сл. 5.B) со отворот за шрафовите
свртен кон внатрешната страна.
1.b
Модел TR 24 Li
– Вметнете ја предната рачка (сл.
6.A) на веќе монтираната основа
(сл. 6.B) со отворот за шрафовите
свртен кон десната страна.
2. Вметнете ги шрафовите и зашрафете
ја рачката без да затегнете
докрај (сл. 5.C, сл. 6.C).
3. Регулирајте ја рачката во позицијата
којашто е најергономска за
операторот (поглавје 6.1.2).
4. Затегнете го ракофатот.
4.4 ПОСТАВУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА
НА УРЕДОТ СО СЕЧИВОТО
Носете заштитни ракавици.
На секој уред за сечење треба да се
става соодветната заштита како што е
посочено во табелата Технички податоци.
1. Поставете ја заштитата (сл.
7.A) iсоодветно на отворите
што се наоѓаат во основата на
единицата со моторот (сл. 7.B).
2. Фиксирајте ја заштитата (сл. 7.А) и
затегнете ги шрафовите докрај (сл. 7.C).
ЗАБЕЛЕШКА На заштитата за уредот
со сечивото го има следниот симбол:
4.5 ПОСТАВУВАЊЕ НА ИНДИКАТОРОТ
ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА СЕЧЕЊЕТО
1.a
Модел TR 24 Li B
– Вметнете и закачете ги двата краја
на индикаторот за ограничување на
сечењето (сл. 8.A) во соодветните отвори
на единицата со моторот (сл. 8.B).
1.b
Модел TR 24 Li
– Раширете го внимателно индикаторот
за ограничување на сечењето (сл. 9.A)
MK - 10
Го посочува правецот
на ротација на
уредот за сечење.