Bosch GBM 13-2 RE Professional Notice Originale page 151

Masquer les pouces Voir aussi pour GBM 13-2 RE Professional:
Table des Matières

Publicité

Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Дополнителна рачка (види слика A)
Користете го вашиот електричен алат само со
u
дополнителна рачка (9).
Дополнителната рачка (9) може да ја подесите во 12
позиции, за да може безбедно и неуморно да работите.
Свртете го долниот дел на дополнителната рачка (9) во
правец на вртење ➊ и притиснете ја дополнителната
рачка (9) нанапред, додека не се навали во соодветната
позиција. Потоа повторно повлечете ја дополнителната
рачка (9) наназад и свртете го долниот дел на рачката во
правец на вртење ➋ и затегнете го.
Подесување на длабочината на дупчење (види
слика A)
Со граничникот за длабочина може да се утврди
длабочината на дупчење X.
Свртете го долниот дел на дополнителната рачка (9) во
правец спротивен на стрелките на часовникот и
поставете го граничникот за длабочина (10).
Извлечете го граничникот за длабочина до степен што
растојанието меѓу врвот на дупчалката и врвот на
граничникот за длабочина ќе одговара на саканата
длабочина на дупчење X.
Потоа повторно зацврстете го долниот дел на
дополнителната рачка (9) во правец на стрелките од
часовникот.
Избраздениот дел на граничникот за длабочина (10)
мора да покажува нагоре.
Промена на алат
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од
приклучницата.
При менување на алатот носете заштитни ракавици.
u
За време на долготрајни работни процеси, главата за
дупчење може да се вжешти.
Брзозатегнувачка глава за дупчење (види слика B)
Држете ја цврсто задната чаура (3) на
брзозатегнувачката глава за дупчење (1) и свртете ја
предната чаура (2) во правец на вртење ➊, додека не се
вметне алатот. Вметнете го алатот.
Држете ја цврсто задната чаура (3) на
брзозатегнувачката глава за дупчење (1) и свртете ја
предната чаура (2) цврсто со рака во правец на вртење
Bosch Power Tools
➋ додека не се слушне кликнување. Со тоа, главата
автоматски се заклучува.
Заклучувањето повторно се ослободува, откако ќе ја
свртите преданата чаура (2) во спротивен правец за да го
извадите алатот.
Запчеста глава за дупчење (види слика C)
Со вртење отворете ја запчестата глава за дупчење (13),
додека не се отвори за да може да вметне алатот.
Вметнете го алатот.
Клучот за затегнување на главата за дупчење (12)
ставете го во соодветните отвори на запчестата глава за
дупчење (13) и рамномерно затегнете го алатот.
Брзозатегнувачка глава за дупчење со сигурносен
прстен (види слика D)
Свртете го сигурносниот прстен (19) во правец
„UNLOCK".
Свртете за затезната чаура (18) во правец на стрелките
од часовникот додека не се вметне алатот за вметнување.
Вметнете го целосно алатот за вметнување, држете го во
прифатот за алат и силно свртете ја затезната чаура (18)
со рака во правец спротивен на стрелките од часовникот.
Притоа цврсто држете го затезниот прстен (20).
Свртете го сигурносниот прстен (19) во правец „LOCK".
Напомена: При вметнување на мали бургии, прво
подесете го прифатот за алат на приближен дијаметар за
дупчење. Инаку постои опасност, бургијата да не може
правилно да се центрира.
Вадење на алатот за вметнување
Свртете го сигурносниот прстен (19) во правец
„UNLOCK".
Свртете ја затезната чаура (18) во правец на стрелките
од часовникот додека не се извади алатот за вметнување.
Алати за навртување (види слика E)
При користење на битови за одвртувачот (14) секогаш
треба да користите универзален држач за битови (15).
Користете само битови што се соодветни на главата за
завртување.
Менување на главата за дупчење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Вадење на сигурносната завртка
Брзозатегнувачката глава за дупчење (1) одн. запчестата
глава за дупчење (13) е осигурана од невнимателно
олабавување на вретеното за дупчење со сигурносна
завртка (16). Отворете ја брзозатегнувачката глава (1)
одн. запчеста глава (13) целосно и одвртете ја
сигурносната завртка (16) во правец на стрелките на
часовникот. Внимавајте сигурносната завртка да има
лев навој.
Доколку сигурносната завртка (17) е заглавена, ставете
одвртувач на главата на завртката и олабавете ја
сигурносната завртка со удар на дршката на одвртувачот.
Македонски | 151
1 609 92A 5H2 | (20.11.2019)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières