Skil 7362 Notice Originale page 93

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 11
за држење што се лизгаат не овозможуваат
безбедно ракување и контрола на алатот во
неочекувани ситуации.
5) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Електричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само
идентични резервни делови. Со ова се обезбедува
безбедно одржување на електричниот алат.
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА БРУСИЛКА
ОПШТИ
Овој алат не треба да го користат лица под 16 години
Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде
сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
Никогаш не користете го алатот кога кабелот е
оштетен; тој мора да се замени со специјално
подготвен кабел достапен преку организацијата на
услуги.
Прашината од материјали како боја која содржи
олово, некои видови дрво, минерали и метали, може
да биде штетна за здравјето (контактот со прашината
или нејзиното вдишување може да шредизвика
алергии и/или болести на дишните органи за оној
кој работи со алатот или луѓето во близина); носете
маска за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
Некои видови на прашина се канцерогени (како
на пример прашината од даб или бука), особено
заедно со адитиви за одржување на дрвото; носете
маска за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
Следете ги процедурите на вашата земја за
прашината која се јавува како резултат од
материјалите со кои работите
Не обработувајте никаков материјал кој содржи
азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
При брусење на метал доаѓа до појава на искри;
не користете кутија за прашина/правосмукалка а
останатите лица и запалливи материјали треба да се
наоѓаат подалеку од местото каде се работи
Редовно чистете ги отворите за вентилација на
алатот. Вентилаторот на моторот вовлекува прашина
во куќиштето, а прекумерната акумулација на
иситнет метал може да предизвика електричен удар.
Обезбедете се алатот да е исклучен од струја
пред да вршите било какво подесување или
замена на приборот
ПРИБОР
SKIL може да признае гаранција само доколку е
користен оригинален прибор
Не користете изабени, искинати или хартија со многу
налепен слој од брусење
ПРЕД УПОТРЕБА
Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е
назначен на плочката на алатот
Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и
други предмети во местото каде работите; тргнете ги
пред да почнете со работа
Зацврстете го материјалот кој го обработувате
(обработка која е зацврстена со стеги или во
менгеме е побезбедна отколку да ја држите со раце)
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
Нивото на бучава додека работите може да изнесува
повеќе од 85 dB(A); носете заштита за ушите
Носете заштитни ракавици, заштитни очила, тесна
облека и заштита за коса (доколку имате долга коса)
Кабелот секогаш држете го подалеку од деловите на
алатот кои се движат; кабелот држете го на задната
страна, на страна од алатот
Не допирајте ја брусната хартија која се движи
Во случај да дојде до електричен или механички
дфект, веднаш исклучете го алатот и исклучете го од
приклучокот
Ако кабелот се оштети или пресече за време на
работата, веднаш исклучете го и не го допирајте
ПО УПОТРЕБА
Кога ќе ја завршите работата со алатот, исклучете го
моторот и проверете дали сите подвижни делови се
застанати
ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
4 Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
5 Не фрлајте го алатот заедно со другиот отпад од
домаќинството
УПОТРЕБА
Поставување хартија за брусење 6
! извлечете го приклучокот ако кабелот
! вшмукувањето прашина изискува употреба на
перфорирани хартии за брусење
! користете ја дупчалката за хартија D за
адаптирање на неперфорирана шмиргла за
брусење за да се вшмукува прашината 7
! перфорацијата на брусната хартија треба да е
соодветна на перфорацијата на брусната плоча
! навремено заменете ја истрошената брусна
хартија
! целосната површина за брусење треба да
биде прекриена со брусна хартија кога ќе го
користите алатот
Прекинувач за вклучување/исклучување
- алатот вклучете/исклучете го со поместување на
прекинувачот A 2 напред/назад
! алатот треба да го вклучите пред брусната
површина да го допре местото каде ќе
работите
! уредот треба да се подигне од работната
површина пред тој да биде исклучен
Вшмукување прашина
! не користете ја кутијата за прашина/
правосмукалката за собирање прашина кога
брусите метал
Кутија за прашина 8
- редовно празнете ја кутијата за прашина B за
оптимално собирање на прашина
- отстранете ја кутијата за прашина B со што ќе ја
повлечете B наназад
За употреба на правосмукалка
- поставете адаптер за правосмукалка C, како што е
прикажано 9 a
- поврзете го цревото за чистење со правосмукалка
C 9 b
Контрола на брзината
За оптимални резултати на стругање на различни
материјали
- со тркалцето E 2 можете да ја подесите саканата
брзина на брусењето
93

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières