производот или кога го менувате
конецот за сечење.
Внимавајте да не се повредите на
u
ножето со кое се сече конецот за
косење. После дополнување на
конецот за косење, секогаш
ставете го уредот со сечилото во
хоризонтална положба пред да го
вклучите.
Згаснете ја машината и извадете го
кабелот од утикачот:
– секогаш кога уредот го оставате
без надзор на извесно време
– за замена на макарата
– ако кабелот е заглавен
– за чистење или поправка
– пред складирање на тримерот
Чувајте го уредот на суво и
u
затворено место, вон дофат на
деца. Не ставајте други предмети
на производот.
Електрична безбедност
Згаснете го уредот и исклучете
u
го од напојување пред да го
користите копчето за рачно
дополнување на конецот. Оваа
функција треба да се користи
само при заглавување на
конецот за сечење.
Предупредување! Пред
секое одржување или
чистење на производот,
згаснете го и исклучете го од
напојување. Истото важи и ако
кабелот е оштетен, прекинат или
сплеткан.
Bosch Power Tools
Вашиот уред е со двојна изолација и
не му е потребно заземјување.
Работниот напон е 230 V AC, 50 Hz
(за земји вон ЕУ 220 V или 240 V).
Употребувајте само одобрени
продолжни кабли. За подетални
информации обратете се во Вашиот
Бош сервис.
За подобра безбедност користете
резидуален уред (РЦД) кој се
активира на отстапување од 30 mA.
Резидуалниот уред треба да се
проверува пред секоја употреба.
Чувајте го напојниот и продолжниот
кабел понастрана од подвижните
делови, за да се избегне оштетување
на кабелот и негов контакт со
металните делови.
Кабелските врски (приклучник и
приклучница) треба да бидат суви и
да не лежат на теренот.
Напојниот и продолжниот кабел
мора редовно да се проверуваат за
евентуални оштетувања и да се
користат само кога се во
беспрекорна состојба.
Ако напојниот кабел е оштетен, мора
да се поправи од страна на овластен
сервис на Бош. Употребете само
одобрен продолжен кабел.
Користете само продолжни кабли
кои ги задоволуваат стандардите
EN 61242 / IEC 61242 или
IEC 60884-2-7.
Ако сакате да користите продолжен
кабел при употреба на уредот,
Македонски | 237
F 016 L81 966 | (09.04.2019)