Bosch GLM 80 Professional Notice Originale page 246

Masquer les pouces Voir aussi pour GLM 80 Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 29
246 | Македонски
Функција на тајмер
Функцијата на тајмерот помага на пр. доколку треба да се
спречи движењето на мерниот уред за време на
мерењето.
Држете ја притисната функцијата на тајмерот (6) додека
на екранот не се појави приказот .
Во редот со измерена вредност (a) ќе се прикаже
периодот од активирањето до мерењето. Овој период
може да се постави со притискање на копчето Плус (11)
одн. Минус (5) помеѓу 1 s и 60 s.
Мерењето автоматски се врши по истекот на
поставениот период.
Функцијата на тајмерот може да се употреби
и кај мерење на растојанија со другите
мерни функции (на  пр. мерење на површини). Не се
возможни додавање и одземање на мерни резултати како
и континуирано мерење.
Листа на последните измерени вредности
Мерниот уред ги зачувува последните 20 измерени
вредности и нивните пресметки и ги покажува по обратен
редослед (најпрво последната измерена вредност).
За повикување на зачуваните мерења
притиснете го копчето (7). На екранот ќе се
прикаже резултатот од последното мерење,
потоа показателот за листата на измерени
вредности (e) и со местото за меморија за
нумерирање на прикажаните мерења.
Доколку при одново притискање на копчето (7) не се
зачуваат други мерења, мерниот уред се враќа на
последната мерна функција. За да излезете од листата на
измерени вредности, притиснете едно од копчињата за
мерни функции.
За да ја зачувате трајно како константа моментално
прикажаната измерена вредност на должина, држете го
притиснато копчето (7) додека на екранот не се појави
„CST". Внес на листата на измерени вредности не може
да се зачува дополнително како константа.
За да може да ја користите измерената вредност на
должината во некоја мерна функција (на пр. мерење на
површини), притиснете го копчето Листа на измерени
вредности (7), изберете го саканиот внес и потврдете со
копчето Резултат (6).
Бришење на измерените вредности
Со кратко притискање на копчето (8) може да ги
избришете последно соопштените поединечни измерени
вредности во сите мерни функции. Со повеќекратно
притискање на копчето ќе се избришат поединечните
измерени вредности по обратен редослед.
За да го избришете актуелно прикажаниот запис на листи
со измерени вредности, притиснете кратко на копчето
(8). За да ја избришете целата листа со измерени
вредности и константата „CST" држете го притиснато
копчето Листа со измерени вредности (7) и истовремено
кратко притиснете на копчето (8).
Во функцијата мерење на ѕидни површини при првото
кратко притискање на копчето (8) ќе се избрише
1 609 92A 55A | (05.08.2019)
последната поединечна мерна вредност, при второто
притискање сите должини B
, а при третото висината на
X
просторот A.
Собирање на измерените вредности
За да ги соберете измерените вредности, најпрво
извршете произволно мерење или изберете внес од
листата со измерени вредности. Потоа притиснете на
копчето Плус (11). На екранот како потврда се појавува
„+". Потоа извршете второ мерење или изберете друг
внес од листата со измерени вредности.
За проверка на збирот од двете мерења,
уште еднаш притиснете на копчето со
резултат (6). Пресметката ќе се прикаже во
редовите со измерени вредности (a) а
збирот се појавува во редот за резултат (c).
По пресметување на збирот, на овој резултат може да се
додадат други измерени вредности или внесови од
листите со измерени резултати, доколку пред мерењето
се притисне копчето Плус (11). Собирањето ќе заврши
доколку го притиснете копчето со резултат (6).
Совети за собирање:
– Вредностите за должина, површина и волумен не
може мешовито да се собираат. Доколку на пр. се
соберат вредноста на должината и површината, при
притискање на копчето со резултат се појавува (6)
кратко „ERROR" на екранот. Потоа мерниот уред
менува на последно активираната мерна функција.
– Се собира резултатот од едно мерење (на пр. вредност
на волумен), а при континуирано мерење
прикажаната измерена вредност во редот со резултат
(c). Собирањето на поединечни измерени вредности
од редовите со измерени вредности (a) не е
возможно.
Одземање на измерени вредности
За одземање на измерените вредности
притиснете го копчето Минус (5), на екранот
за потврда се појавува „–". Понатамошната
постапка е слична на „Додавање измерени
вредности".
Совети при работењето
Општи напомени
Приемната леќа (17), излезот на ласерскиот зрак (16) не
смеат да бидат покриени за време на мерењето.
Мерниот уред не смее да се движи за време на мерењето
(со исклучок на функциите континуирано мерење и
мерење на косини). Доколку е возможно, поставете го
мерниот уред на цврста подлога.
Влијанија на мерното поле
Мерното поле зависи од светлосните услови и
рефлективните својства на целната површина. За
подобра видливост на ласерскиот зрак при работа на
надворешен терен и прејаки сончеви зраци, користете
ласерски очила (28) (опрема) и целна табла на ласерот
(29) (опрема), или засенете ја целната површина.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Glm 80+r 60 professional

Table des Matières