кога шајката излегува од алатката, бидејќи може да предизвикате
сериозни повреди.
Секогаш осигурајте се дека контактот на парчето што се работи е
целосно позициониран над парчето што се работи. Позиционирањето
на контактот на парчето што се работи само парцијално над него
може да предизвика шајката целосно да го промаши парчето кое се
работи и да доведе до сериозна повреда.
Немојте да забивате шајки близу до работ на материјалот. Парчето
што се работи може да се распука и шајката може да се врати и да ве
повреди вас или вашиот колега. Ве молиме да земете во предвид
дека шајката може да ја следи текстурата на дрвото, со што
неочекувано може да штрчи странично од работниот материјал или
да се отклони, а можно е и да предизвика повреди.
Држете ги рацете и другите делови од телото понастрана од
непосредната работна површина. Држете го парчето што се работи со
стегачи кога е потребно, со што ќе се заштитат рацете и другите
делови од телото од несакани последици. Осигурајте се дека парчето
што се работи е прописно прицврстено пред да ја притиснете шајката
во материјалот. Контактот на парчето што се работи може да
предизвика неочекувано поместување на работниот материјал.
Држете го лицето и другите делови од телото подалеку од задниот
дел од алатката кога работите на ограничени површини. Неочекуван
повратен удар може да предизвика влијание врз телото, особено кога
се забиваат шајки во тврд или компактен материјал.
При нормална употреба на алатката, алатката ќе се врати во
првичната положба веднаш штом ќе биде забиена шајката. Тоа е
нормална функција на алатката. Немојте да се обидете да го
спречите повратниот удар држејќи го алатот на материјалот. Обидот
да се спречи повратен удар може да резултира со испукување на
втора шајка. Цврсто држете ја рачката, дозволете и на алатката да ја
врши својата работа и не ја ставајте другата рака на врвот од
алатката или близу до одводот за издувни гасови. Непочитувањето
на ова предупредување може да предизвика сериозни повреди.
Немојте да забивате шајки над други шајки или под стрмен агол,
бидејќи тоа може да предизвика скршнување на шајката што пак
може да доведе до повреда.
Секогаш да се проверува работната површина за постоење на
скриени електрични кабли, гасоводни цевки, водоводни цевки, итн.,
пред да се користи алатката на ваква работна површина.
По користењето на производот во режим на контактно активирање,
вратете го на целосен сериски режим.
Длабочината на аплицирањето на шајката може да се подеси под
воздушен притисок. Ве советуваме најпрво да ја тестирате
длабочината на парчето кое се работи со цел да се утврди
потребната длабочина за аплицирање на шајката.
Само шајки што одговараат на описот даден во технички податоци
може да се користи со оваа алатка. Користењето на несоодветни
шајки може да доведе до нивно заглавување или до други дефекти.
Да не се селектира режимот на работа на контактно активирање кога
се работи на скелиња, скали или на платформи каде што е
неопходно да се менува позицијата на телото. На тој начин може
ненамерно да се испука шајка со неадекватно активирање на
контактот на парчето за работа додека човек се движи, а доколку е
активиран режимот на работа на контактно активирање. Доколку е
неопходно движење, изберете го режимот на работа на целосно
сериско активирање или целосно деактивирајте ја алатката со тоа
што ќе ги отстраните батериите. На овој начин се намалува можноста
за повреди кај вас или кај други лица.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и не
горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги собираат старите батерии,
со што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од краток
спој).
Метални парчиња не смеат да навлезат во делот за полнење на
батерија (ризик од краток спој).
Користете исклучиво Систем18 V за полнење на батерии од18 V
систем. Не користете батерии од друг систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги само на
суво место. Чувајте ги постојано суви.
Киселината од оштетените батериите може да истече при екстремен
напон или температури. Доколку дојдете во контакт со исатата,
измијте се веднаш со сапун и вода. Во случај на контакт со очите
плакнете ги убаво најмалку 10минути и задолжително одете на лекар.
98
МАКЕДОНСКИ
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Алатката е наменета за забивање на шајки во дрво или слични меки
материјали од магацинот кој содржи лента од соодветни шајки.
Шајките кои можат безбедно да се наполнат во магацинот за овој
производ се дадени во табелата на спецификации на производот во
овој прирачник. Немојте да користите друг тип на шајки. Немојте да
работите во режимот на работа на контактно активирање додека
работите на скелиња, скалила или други платформи, каде што е
потребна промена на положбата на телото. Во таков случај работете
во режимот на работа на целосно сериско активирање. Алаткате не
смее да се користи за фиксирање на електрични кабли.
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен
пропишаниот за нормална употреба.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Во своја сопствена одговорност изјавуваме дека под "Технички
податоци" опишаниот производ е во склад со сите релевантни
прописи од регулативата 2011/65/EU (RoHs), 2014/30/EU, 2006/42/EC
и следните хармонизирачки нормативни документи:
EN 60745-1: 2009+A11:2010,
EN 60745-2-16:2010
EN 55014-1:2006+A1:2009+A2:2011
EN 55014-2:2015
EN50581:2012
Winnenden, 2016-03-29
Alexander Krug
Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10
71364 Winnenden
Germany
БАТЕРИИ
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се наполнат
пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето на
батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите на високи
температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат целосно по
употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното полнење
треба да бидат извадени од апаратот за полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C и на
суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од состојбата
на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно локалните,
националните и меѓународните прописи и одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен
транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна на
шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за транспорт на
опасни материии. Подготовките за шпедиција и транспорт треба да
ги вршат исклучиво соодветно обучени лица. Целокупниот процес
треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето
тоа со цел да се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во нивната
амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски
батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето шпедитерско
претпријатие.
СОВЕТИ ЗА КОРИСНИКОТ
Оваа алатка располага со два режима на работа (види илустрации):
Индивидуално активирање:
Шајката се забива со активирање на прекинувачот.
Контактно активирање:
Држете го притиснат прекинувачот, за шајката да биде автоматски
забиена при контакт со парчето што се работи.
Подесете ја длабочината на забивање (види илустрации)
Проверете што се наоѓа зад парчето што се работи. При забивањето,
шајката може да го пробие материјалот и сериозно да повреди други
лица. Намалете ја потребата од поголема длабочина на забивање, за
да спречите шајката да го пробие материјалот.
НЕОПХОДНА Е СЕКОЈДНЕВНА ПРОВЕРКА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За да се намали ризикот од повреда за
вас или за други лица, секојдневно, пред да почнете со работа,
вршете ја следната проверка, пред сè ако алатката паднала на
земја, доживеала силен удар или била згазната. Извршете ги
следните проверки по дадениот РЕДОСЛЕД. Ако алатката не
функционира нормално, веднаш контактирајте ја сервисната
служба за клиенти на AEG.
Секогаш насочувајте ја алатката понастрана од себе или од
други лица.
1. Извадете ја батеријата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! При вметнувањето на шајките насочувајте
ја алатката понастрана од себе или од други лица. Во
спротивност постои опасност од повреда.
2. Проверете си сите штрафови, болцни, навртки и штифни на
алатката. Лабавите елементи за прицврстување треба да се
прицврстат.
3. Повлечете го наназад придвижувачот на шајки во магацинот и
притиснете го работниот контакт на парчето што го работите.
Активирањето мора да следи непречено.
4. Кога работниот контакт се наоѓа на парчето што го работите,
притиснете го прекинувачот. Активирањето мора да следи
непречено.
5. Ставете ја батеријата.
6. Изберете го режимот на работа "индивидуално активирање".
Повлечете го наназад придвижувачот на шајки во магацинот без
да го активирате прекинувачот, и притиснете го работниот контакт
на парчето што го работите. Алатката не смее да започне со
работа. Тргнете го работниот контакт од парчето што го работите
и повлечете го наназад придвижувачот на шајки во магацинот.
Прекинувачот држете го притиснат 5 секунди. Алатката не смее
да започне со работа. И понатаму држете го притиснат
прекинувачот и притиснете го работниот контакт на парчето што
го работите. Алатката не смее да започне со работа. Пред да го
притиснете прекинувачот, повлечете го наназад придвижувачот
на шајки во магацинот и притиснете го работниот контакт на
парчето што го работите. Притиснете го прекинувачот. Алатката
мора да почне со работа. Пуштете го прекинувачот. Болцната за
забивање мора да се придвижи нагоре.
7. Изберете го режимот на работа "контактно активирање".
Повлечете го наназад придвижувачот на шајки во магацинот без
при тоа да има контакт со парчето што го работите и притиснете
го прекинувачот. Алатката не смее да започне со работа. Држете
го прекинувачот и понатаму притиснат и притиснете го работниот
контакт на парчето што го работите. Алатката мора да започне со
работа.
8. По успешното вршење на сите овие проверки, алаткате може да
биде пуштена во погон. Изберете го саканиот режим на работа и
вметнете ја лентата со шајки.
9. Подесете на длабочината на забивање согласно поглавјето
"Подесување на длабочината на забивање" и внимавајте на
илустрацииите.
10. По завршувањето на сите проверки уредот е спремен да биде
пуштен во погон. Проверките вршете ги на дневна основа пред
употребата на алатката, односно секогаш кога алатката ќе ви
падне, ќе доживее тежок удар, кога ќе биде згазната, кога ќе се
заглават шајки итн.
ОДРЖУВАЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постојано.
Користете само AEG додатоци и резервни делови. Доколку некои од
компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети, Ве
молиме контактирајте ги сервисните агенти на AEG (консултирајте ја
листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на апаратот со
наведување на машинскиот тип и шестоцифрениот број на
табличката со учинокот или во Вашата корисничка служба или
директно кај Techtronic Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10,
71364 Winnenden, Германија.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред
отпочнување на каков и да е зафат врз
машината.
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
Секогаш при користење на машината носете
ракавици.
Носете ракавици!
Носте штитник за уши.
Електричните апарати не смеат да се фрлат
заедно со домашниот отпад.
Електричните и електронсите апарати треба да
се собираат одделно и да се однесат во
соодветниот погон заради нивно фрлање во
склад со начелата за заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни служби
или кај специјализираниот трговски
претставник, каде има такви погони за
рециклажа и собирни станици.
СЕ-знак
Национален конформитетски знак за Украина
EurAsian (Евроазиски) знак на конформитет.
МАКЕДОНСКИ
99