• водата врие многу брзо на рингла
поставена на највисоката поставка за
јачина на топлината.
• магнет се привлекува на дното на садот
за готвење.
Димензии на садовите за готвење
• Индуктивните рингли автоматски се
прилагодуваат на димензиите на дното
на садот за готвење. Видете во
„Технички податоци" > „Спецификација
за рингли" за правилни димензии на
садовите за готвење. Ставете го садот
за готвење директно во центарот на
одбраната рингла.
• Ефикасноста на ринглата е поврзана со
дијаметарот на садот за готвење. За
оптимален пренос на топлина користете
сад за готвење со дијаметар на дно
сличен на големината на ринглата
(односно максималната вредност на
дијаметарот на садовите за готвење во
„Технички податоци" > „Спецификација
за рингли").
– Садот за готвење со дијаметар
којшто е помал од големината на
соодветната рингла добива само
дел од енергијата којашто ја
испушта ринглата што резултира со
побавно загревање.
– Заради безбедносни причини и за
постигнување оптимални резултати
од готвењето, не користете садови
за готвење поголеми од наведеното
во „Спецификации на ринглите".
Избегнувајте да ги држите садовите
за готвење во близина на
контролната плоча во текот на
готвењето. Тоа може да влијае на
функционирањето на контролната
плоча или ненамерно да ги вклучи
функциите на површината за
готвење.
Видете во „Технички податоци".
218
МАКЕДОНСКИ
7.2 Звуци за време на работата
Звуците се нормални и не се знак за
неисправност. Звуците на садовите за
готвење може да се разликуваат во
зависност од материјалот на садовите
за готвење и нивото на јачина.
Звуци поврзани со садовите за
готвење:
• звук на пукање: садот за готвење е
направен од различни материјали
(сендвич конструкција).
• звук на свиркање: ја користите ринглата
на голема јачина и садовите за готвење
се направени од различни материјали
(сендвич конструкција).
• ѕунење: користите високо енергетско
ниво.
Звуци поврзани со ринглата:
• кликање: се појавува електрично
префрлување.
• пиштење, брмчење: вентилаторот
работи.
• ритмички звук: откриени се садови за
готвење.
7.3 Öko Timer (Еколошки тајмер)
За да заштеди енергија, грејачот на
ринглата се исклучува пред звуците на
тајмерот за одбројување. Разликата во
времето на работа зависи од нивото на
поставка на топлината и од должината на
готвењето.
7.4 Поедноставен водич за
готвење
Односот меѓу поставката на
температурата и потрошувачката на струја
на ринглата не е линеарен. Кога ќе ја
зголемите температурата, потрошувачката
на струја на ринглата не се зголемува
пропорционално. Тоа значи дека рингла
поставена на средна температура користи
помалку од половина од моќноста.
Податоците во табелата се само
насоки.