200 | Srpski
Исчистете го тримерот за жива ограда со влажна крпа и
нанесете BOSCH спреј за подмачкување на сечилата.
Исчистете ги областите околу предниот штитник со чиста
мека крпа или четка.
Поправка
Поправка на тримерот за жива ограда и на батеријата
Тримерот за жива ограда, сечилата за сечење и
батеријата корисникот не може сам да ги поправа.
Никогаш не користете оштетен тример за жива
u
ограда или сечило за сечење. Не работете со
неисправен тример за жива ограда и контактирајте
со вашата служба за корисници на BOSCH.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлодирани цртежи и
информации за резервни делови може да се најдат и на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе Ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Дополнителни адреси за сервиси може да се најдат
на:
www.bosch-pt.com/serviceaddresses
Транспорт
Препорачаните Литиум-јонски батерии подлежат на
барањата во Законот за опасни материјали. Батериите
може да се транспортираат само од страна на
корисникот, без потреба од дополнителни
квалификации.
При испорака преку трети лица (на пр.: При пренос на
истите од страна на трети лица воздушен транспорт или
шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните
напомени за пакување и означување со етикети. Во таков
случај, при подготовката на пратката мора да се повика
експерт за опасни супстанци.
F 016 L94 792 | (08.08.2024)
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и
спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се
движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на
евентуалните дополнителни национални прописи.
Депонирање отпад
Електричните уреди, батериите, опремата и
амбалажите треба да се сортираат и
рециклираат на еколошки начин за повторна
употреба.
Не фрлајте ги уредите и батериите во
домашната канта за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ:
Според европската регулатива 2012/19/EU
електричните апарати што се вон употреба и дефектните
или искористените батерии според регулативата
2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се
рециклираат за повторна употреба.
Доколку се фрли неправилно, отпадната електрична и
електронска опрема може да има штетни ефекти врз
животната средина и здравјето на луѓето поради можното
присуство на опасни материи.
Батерии:
Литиум-јонска:
Прочитајте ги упатствата во поглавието (види
„Транспорт", Страница 200).
Srpski
Sigurnosne napomene
Objašnjenje simbola
Pročitajte uputstvo za upotrebu.
Ne koristiti na kiši.
Nosite zaštitu za oči i zaštitu za sluh.
Izvadite akumulator pre obavljanja radova
podešavanja ili čišćenja na baštenskom
uređaju ili ako baštenski uređaj ostane neko
vreme bez nadzora.
Bosch Power Tools