2. Повлечете го лостот за приспособување на
висината нанапред за да ја намалите висината
на сечилото.
7.8
ПОСТАВЕТЕ ЈА БАТЕРИЈАТА
Слика 8.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
•
Ако батеријата или полначот се оштетени,
заменете ги.
•
Запрете ја машината и почекајте додека
моторот не застане пред да ја ставите или
извадите батеријата.
•
Прочитајте ги, научете ги и следете ги
упатствата во прирачникот за батеријата и
полначот.
БЕЛЕШКА
Машината има функција со автоматски прекинувач
што овозможува другата батерија да работи кога
првата не може.
1. Отворете го капакот на одделот за батеријата.
2. Порамнете ги ребренцата на левата страна
на батеријата со вдлабнатините на делот за
батерија.
3. Притиснете ја батеријата во делот за батерија
додека батеријата не се постави цврсто на
соодветното место.
4. Кога ќе чуете клик, батеријата е поставена.
5. Затворете го одделот за батеријата.
БЕЛЕШКА
Моторот се вклучува само кога ќе го ставите
безбедносниот клуч.
7.9
ИЗВАДЕТЕ ЈА БАТЕРИЈАТА
Слика 8
1. Отстранете го безбедносниот клуч.
2. Отворете го капакот на одделот за батеријата.
3. Притиснете и задржете на копчето за вадење на
батеријата.
4. Извадете ја батеријата од машината.
8
ФУНКЦИИ НА КОСИЛКАТА
БЕЛЕШКА
Воглавно, косилката за трева има 3 функции
(собирање во торба на задната страна/собирање
слама и остатоци/странично празнење). Овие
функции може да се променат со менување на
поставките за додатоци. Видете ја следната табела
за поставување на деталите.
Македонски
Имајте предвид дека функциите подолу варираат
во зависност од моделот на косилката.
ЗА МЕНУВАЊЕ
НА
КОСИЛКАТА
За собирање во
задната торба
За собирање
слама и
остатоци
За празнење
отстрана
„√" : инсталирано
„×" : отстрането
9
РАБОТЕЊЕ
Не ракувајте со батеријата, прекинувачот или
машината ако рацете ви се влажни. Не изложувајте
го делот со моторот на дожд и не дозволувајте
течност да навлезе во него.
Носете заштитна опрема за очите при работа.
9.1
ВКЛУЧУВАЊЕ НА МАШИНАТА
Слика 9
1. Ставете го безбедносниот клуч.
2. Притиснете и задржете на копчето за
вклучување.
3. Додека го држите копчето за вклучување,
повлечете го прекинувачот за рачката во насока
на лентата на рачките.
4. Сега може да го отпуштите копчето за
вклучување.
Ако машината не се вклучи,
1. отворете ја поклопката на одделот за
батеријата и проверете го безбедносниот клуч.
2. извадете ја батеријата и проверете ја косилката
за да се осигурите дека нема трева на сечилото
и дека сечилото може слободно да се врти со
рака.
Меко вклучување
Оваа литиум-јонска машина има функција со „меко
вклучување". Кога ќе ја вклучите машината, се
вклучува на целосна брзина по околу 3 секунди.
145
ЗАТКА ЗА
ТОРБА
СЛАМА И
ЗА
ОСТАТОЦ
ТРЕВА
И
×
√
√
×
√
×
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
БЕЛЕШКА
СТРАНИЧ
ЕН
ОДВОД
ЗА
ПРАЗНЕ
ЊЕ
×
×
√
MK