1
[mk] Општи безбедносни напомени
Напомени за целната група
Овие упатства се наменети за техничари за водоинсталации, греење, вентилација
и електрика, како и за оператори на системи за греење и вентилација.
▶ Придржувајте се на сите упатства за компонентите на системот.
▶ Внимавајте на безбедносните напомени и предупредувања.
▶ Внимавајте на националните и регионалните прописи, технички правила и
регулативи.
Ако не се следат насоките, може да дојде до материјални штети и телесни
повреди, коишто може да бидат дури и смртоносни.
Прописна употреба
▶ Користете го производот исклучиво за регулација системи за греење и
вентилација.
Секоја друга употреба се смета за непрописна. Штетите што резултираат од неа
се исклучени од гаранцијата.
Складирање и транспорт
▶ Да не се изложува K 40 RF на силно променливи услови на животната
средина (на пр., температура, влажност, итн.).
2
Заштита од влажност
▶ За да избегнете кондензација на водоводните цевки: изолирајте ги цевките
за ладна вода.
▶ Ако LAN-кабелот не е приклучен: ставете го заштитното капаче на LAN-портата.
▶ За време на одржувањето, отстранете K 40 RF.
3
Упатства за инсталација
▶ За да се воспостави врската: проверете дали контактите на K 40 RF се чисти.
▶ Кога го инсталирате системот во влажна просторија: монтирајте го K 40 RF
на соодветна локација (IPX0) со помош на ѕиден држач (додаток).
K 40 RF – 6721874389 (2024/08)
[mk] Општи безбедносни напомени
69