MK
УПАСТВА ЗА УПОТРЕБА
Прочитајте ги соодветните упатства за употреба за моторот и
батеријата (ако е предвидено).
1. ЗАВРШНА МОНТАЖА
ЗАБЕЛЕШКА - Тревокосачката може да биде опремена со некои
веќе монтирани компоненти.
1.1a
Држач тип "A"- без регулација на висината - Монтирајте го
долниот дел од рачката (1) спојувајќи го со приложените завртки (2).
Монтирајте го горниот дел од ракофатот (3) со приложените завртки,
внимавајќи на правилна позиција на спиралата (5) на кабелот за
стартување.
На некои модели: поврзете го кабелот од моторната кочница (6)
закачете го терминалот (7) од жицата на соодветниот отвор на
командната рачка (8); значи фиксирајте ја потпората на кабелот (6а) за
рачката со помош на завртките (9), како што е наведено.
Каблите на командите фиксирајте ги на рачката со стегите (10).
1.1b
Држач тип "Б"- со регулација на висината - Вратете го
долниот дел од рачката (1) во работна положба и прицврстете го на
место со долната стега (2), и погрижете се двата клина (3) да останат
вметнати во соодветните отвори (4). Поставете го горниот дел (5) со
приложените завртки (6), внимавајќи на правилна позиција на
спиралата (7) на кабелот за стартување.
На некои модели: поврзете го кабелот од моторната кочница (8)
закачете го терминалот (9) од жицата на соодветниот отвор на
командната рачка (10); значи фиксирајте ја потпората на кабелот (8а)
за рачката со помош на завртките (11), како што е наведено.
Каблите на командите фиксирајте ги на ракофатот со стегите (12). Со
олабавување на стегалките (2) ракофатот може да се постави на две
различни висини.
1.2
Составете ја командната табла (1) следејќи ги прикажаните
чекори.
1.3a
Во случај на крута вреќа: Внимателно одделете ја плочката
(1) и подлошките (2) од горниот дел од вреќата (3). Отстранете ги
двете подлошки (2) и монтирајте ја плочката (1) на горниот дел од
вреќата (3) вметнувајќи ја со остар потег.
Монтирајте ги двете страни од вреќата (3) и (4), погрижете се до крај
да ги вметнете зацврстувачите во нивните лежишта, и со остар потег
фиксирајте ги со помош на завртките (5) кои ви се дадени.
1.3b
Во случај на вреќа од пластика и платно:
Внимателно одделете ја плочката (11) и подлошките (12) од горниот
дел од вреќата (13). Монтирајте ја плочката (11) на горниот дел од
вреќата (13), и вметнете ја со остар потег. Со пластичниот дел (13)
надолу, прицврстете го платното (15) со помош на приложените
завртки (16) и подлошки (12).
Вметнете ја рамката (15) во вреќата (17) и прицврстете ги
пластичните шипки (18) со помош на одвртка, како што е прикажано
на цртежот. Вметнете го на долниот крај од периметралните
граничници (19) платното во жлебовите на пластичните делови (13),
оставајќи 5-7 мм на краевите.
1.4
Кај моделите со електро-стартер поврзете го кабелот од
акумулаторот на главниот кабел.
2. ОПИС НА КОНТРОЛИТЕ
2.1
Контролата на гасот (каде што ја има) е со контролен лост (1)
поставен како што е прикажано на соодветна плочка. Некои модели
имаат фиксна брзина, па според тоа не им е потребен гас (2).
2.2
Кочницата на ножот се контролира со лостот (1), и треба да се
притисне кон ракофатот при стартување и користење на
тревокосачката. Кога лостот ќе го отпуштите, моторот запира.
2.3
Кај моделите со влечење, движењето на косачката наназад
се одвива со притискање на лостот (1) во правец на рачката.
Тревокосачката го запира движењето нанапред кога ќе го отпуштите
лостот.
2.4
Височината на косење се регулира со употреба на лостовите
(1). Кај некои модели, отстранете го поклопецот (2) одвртете ја
осовината (3) со клучот (4) кој ви е даден; поставете ги тркалата во
отворот (5) кој соодветствува со посакуваната висина на сечење,
завртетете ја докрај осовината (3) со клучот (4). Четирите тркала
мораат да бидат на еднаква височина.
ОВА РЕГУЛИРАЊЕ ВРШЕТЕ ГО САМО КОГА НОЖОТ МИРУВА.
3. КОСЕЊЕ НА ТРЕВАТА
3.1
Подигнете го дефлекторот и соодветно прицврстете го
магацинот за трева (1) како што е прикажано на сликата.
3.2
За палење на моторот, следете ги упатствата од прирачникот
на моторот и потоа повлечете го лостот на кочницата на ножот (1) и
притиснете го кон водилката, а потоа остро повлечете го кабелот за
палење (2). Кај моделите со електро-стартер завртете го клучот на
стартерот (3).
3.3
Тревникот ќе изгледа поубаво ако тревата секогаш се коси на
иста височина и со наизменично менување на правецот на косење.
3.4
Кога ќе завршите со косењето, отпуштете ја рачката на
кочницата (1) и исклучете го кабелот од свеќичката (2). Извадете го
клучот (3) од стартерот (на моделите кои го имаат).
Пред да започнете со било какви работи на косачката ПОЧЕКАЈТЕ
НОЖОТ ПОТПОЛНО ДА ЗАПРЕ.
4. РУТИНСКО ОДРЖУВАЊЕ
ВАЖНО - Регуларното и грижливо чување е неопходно за да се
сочуваат
степенот
на
тревокосачката.
Тревокосачката одлагајте ја на суво место.
1) Треба да се носат цврсти ракавици за работа пред секое чистење,
чување или регулирање на тревокосачката.
2) Внимателно мијте ја тревокосачката со вода по секое сечење:
отстранете ги остатоците од кал и тревки наталожени во
внатрешноста на шасијата за да избегнете исушување на истите
кои можат да предизвикаат потешкотии во наредното користење.
3) Глазурата во внатрешноста на шасијата може да се одвои со тек на
време поради абразивни дејствија на исечената трева; во тој случај,
интервенирајте на време поправајќи ја глазурата со средство
против рѓосување, за да спречите создавање на рѓа која може да
доведе до корозија на металот.
4) Во случај да треба да се пристапи до долната страна, наведнете ја
тревокосачката само на страната наведена во прирачникот за
моторот, следејќи ги наведените инструкции.
5) Да се одбегнува истурање на бензин врз пластичните делови од
моторот или на машината, за да се одбегне нивно оштетување и
веднаш да се исчисти секаква трага од евентуално истурениот
бензин. Г аранцијата не ги покрива штетите на пластичните делови,
предизвикани од бензин.
4.1
Секаква операција врз ножот треба да биде извршена во
специјализиран центар.
Забелешка за специјализираниот центар: Склопете го ножот (2)
следејќи ја секвенцата наведена на сликата и стегнете ја централната
навртка (1) со динамометричен клуч, подесен а 50-60 Nm.
4.2
Кај моделите со влечење, затегачот (1) треба да се намести
така, што со рачката (3) во отпуштена положба сајлата (2) треба да е
лежерно затегната.
4.3
За да го наполните испразнетиот акумулатор, приклучете го
на полнач (1) следејќи ги упатствата од прирачникот на акумулаторот.
Не поврзувајте го полнењето на батеријата директно за клемите на
моторот. Не е можно да се вклучи моторот со помош на полнењето на
батеријата како извор на напојување бидејќи оваа постапка може да
предизвика големи оштетувања.
Ако косачката нема да се употребува подолг период, тогаш осигурете
се дека акумулаторот е полн, и исклучете ги каблите од него.
Ако имате било какви недоумици или проблеми, немојте да се
двоумите да контактирате со најблискиот Сервисен Центар или
Продажен пункт.
сигурност
и
оригиналноста
на
33