Работа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Начини на работа
Подесување на длабочината на сечење (види слика C)
Подесете ја длабочината на сечење на дебелината
u
на делот што се обработува. Под делот што се
обработува, треба да биде видливо помалку од
полната висина на запците.
Олабавете ја пеперутка-завртката (18). За помала
длабочина на сечење подигнете го електричниот алат од
основната плоча (7), а за поголема притиснете го кон
основната плоча (7). Саканата димензија подесете ја на
скалата за длабочина на сечење (19). Повторно затегнете
ја пеперутка-завртката (18).
При подесувањето на длабочината на резот користете ја
референтната ознака (32) странично на скалата за
подесување на длабочината на резот (19).
Подесување на аголот на закосување
Најдобро е да го поставите електричниот алат на челната
страна на заштитниот капак (13).
Олабавете ја пеперутка-завртката (10). Навалете ја
пилата странично. Саканата димензија подесете ја на
скалата (9). Повторно затегнете ја пеперутка-завртката
(10).
При подесување на аголот на косо сечење користете ја
референтната ознака (28) (горен раб на држачот).
Напомена: При сечење со закосување длабочината на
сечење е помала од прикажаната вредност на скалата за
подесување на длабочината на сечење (19).
Ознаки за сечење (види слика F)
Ознаката за сечење 0° (12) ја прикажува позицијата на
сечилото за пила при правоаголно сечење. Ознаката за
сечење 45° (11) ја прикажува позицијата на сечилото за
пила при сечење под 45°.
Ставање во употреба
Ставање на батеријата
Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во
прифатот за батерија, додека не се вклопи.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат најпрво
активирајте ја блокадата при вклучување (3) и потоа
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(4) и држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (4).
Bosch Power Tools
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот
за вклучување/исклучување (4) не се блокира, туку мора
постојано да се држи притиснат за време на работата.
Сопирачка за исфрлување од брзина
Вградената сопирачка за исфрлање од брзина го
намалува вибрирањето на сечилото за пила по
исклучување на електричниот алат.
Приказ за контрола на температурата/заштита од
преоптоварување
Црвениот LED-приказ (17) Ви помага да ја заштитите
батеријата од прегревање и моторот од
преоптоварување.
Доколку LED-приказот свети (17) непрекинато црвено,
температурата на батеријата е превисока и електричниот
алат автоматски се исклучува.
– Исклучете го електричниот алат.
– Оставете ја батеријата да се олади, пред да
продолжите со работата.
Доколку LED-приказот трепка (17) црвено,
електричниот алат е блокиран и автоматски се исклучува.
Извлечете го електричниот алат од делот што се
обработува.
Штом се отстрани блокадата, електричниот алат
продолжува да работи.
Заштита од длабинско празнење
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)". Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
Вклучување на LED-работното светло
Светлото (27) свети доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (4) е половично или целосно
притиснат и овозможува осветлување на работното поле
при неповолни светлосни услови.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Ширината на сечењето варира во зависност од
користениот сечило за пила.
Заштитете ги сечилата за пила од удари.
Водете го електричниот алат рамномерно со лесен
притисок во правецот на сечење. Пресилната брзина
значително го намалува рокот на употреба на
електричниот алат и му штети на истиот.
Јачината на пилата и квалитетот на сечењето значително
зависат од состојбата и формата на запците на сечилото
за пила. Затоа користете само остри и соодветни сечила
за пила за делот што го обработувате.
Македонски | 189
1 609 92A 4L6 | (24.02.2021)