Télécharger Imprimer la page

Milwaukee HD 28 CS Notice Originale page 73

Masquer les pouces Voir aussi pour HD 28 CS:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 26
Бидете екстремно претпазливи при рез со забодување во
постоечки ѕидови или други армирани површини.
Провререте ја долната заштита дали е соодветно затворена
пред секоја употреба. Не работете со пилата доколку
долната заштита не се движи слободно и не се затвора
моментално. Никогаш не ја затегнувајте ниту врзувајте долната
заштита во отворена позиција. Доколку пилата падне ненамерно,
долната заштита може да се свитка. Кренете ја долната заштита
со повлекување на рачката и осигурете се дека се движи
слободно не допирајќи до сечилото или било кој друг дел под
било кој агол и длабочина на засек.
Проверете го функционирањето на федерот на долната
заштита. Доколку заштитата и федерот не се отвораат
соодветно, мора пред употреба да бидат сервисирани.
Долната заштита може да функционира тромо поради
оштетените делови, лепливи остатоци или насобрани делчиња.
Долната заштита треба да биде рачно повлечена само при
специјални резови како ,,резови со забодување,, или
,,сложени резови,,. Кренете ја долната заштита со
повлекување на рачката веднаш штом сечилото влезе во
материјалот, долната заштита мора да биде отпуштена. При
секое друго сечење, долната заштита мора да работи
автоматски.
Секогаш гледајте долната заштита да го покрива сечилото
пред пилата да ја спуштите на маса или под. Незаштитено
лизгање на сечилото ќе предизвика пилата да тргне наназад,
сечејќи се што ќе се најде на патот. Бидете свесни за потребното
време за кое сечилото престанува да работи, по ослободувањето
на прекинувачот.
Не користете сечила кои не одговараат напропишаните
параметри дадени во овој прирачник за употреба.
Пршината која се создава при користење на овој алат може да
биде штетна по здравјето. Не ја вдишувајте. Носете соодветна
заштитна маска.
Носете штитник за уши. Изложеноста на бука може да
предизвика губење на слухот.
Ве молиме не користете абразивни дискови-шмиргли на оваа
машина!
Отстранете ја батеријата пред да започнете да ја користите
машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и не
горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги собираат старите
батерии, со што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од
краток спој).
Користете исклучиво Систем V-Tec за полнење на батерии од
V-Tec систем. Не користете батерии од друг систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги само
на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Киселината од оштетените батериите може да истече при
екстремен напон или температури. Доколку дојдете во контакт со
исатата, измијте се веднаш со сапун и вода. Во случај на контакт
со очите плакнете ги убаво најмалку 10минути и задолжително
одете на лекар.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Електорнската циркуларното сечило може да сече надолжно и
триаголно прецизно во дрво, пластика и алуминиум.
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен
пропишаниот за нормална употреба.
ЕЛЕКТРИЧНА КОЧНИЦА
При ослободување на притискачот од прекинувачот дискот за
сечење се запира во рок од 2 секунди преку електричната
кочница. Но, електричната кочница може да дејствува и
одложено. Понекогаш електричната кочница не е делотворна.
Доколку електричната кочница не дејствува почесто, во тој случај
пилата мора да биде донесена до овластен сервис-центар на
Milwaukee.
Дури по постигнување на состојба на мирување на дискот за
сечење извлечете ја пилата од обработуваниот материјал.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Ние во целосна одговорност изјавуваме дека овој производ е во
сообразност со следните стандарди и стандардизирани
документи. EN 60745, EN 55014-1, EN 55014-2, и е во согласност
со прописите 2006/42/EC, 2004/108/EC.
Winnenden, 2010-05-04
Rainer Kumpf
Manager Product Development
Ополномоштен за составување на техничката документација.
БАТЕРИИ
Нови комплети батерии постигнуваат целосен капацитет по 4-5
циклуса на полнење и празнење. Подолг период неупотребувани
комплети батерии да се наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето
на батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите на
високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век, по употреба батериите мора да бидат
целосно наполнети.
ЗАШТИТА ОД ПРЕОПТЕРЕТУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
При преоптоварување на батеријата со многу висока
потрошувачка на струја, на пример екстремно високи вртежни
моменти, заглавување на дупчалката, ненадејно запирање или
краток спој, електро-уредот бучи 2 секунди, а потоа самостојно се
гаси.
За повторно вклучување ослободете го прекинувачот и вклучете
повторно.
Во случај на екстремни оптоварувања батеријата може да загрее
многу. Во таков случај батеријата исклучува.
Тогаш ставете ја батеријата во уредот за полнење за повторно да
ја напоните и активирате.
ОДРЖУВАЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постојано.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку
некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат
заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на
Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ на
алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и типот на
машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја скицата кај
локалниот застапник или директно кај: Milwaukee Electric Tool,
Max-Eyth-Straße 10, D-71364 Winnenden, Germany.
СИМБОЛИ
Ве молиме пред да ја стартувате машината обрнете
внимание на упатствата за употреба.
Секогаш пред спроведување на каков и да е зафат
врз машината исклучете го кабелот од приклучокот.
Дополнителна опрема - Не е вклучена во
стандардната, а достапна е како додаток.
Не ги фрлајте електричните апарати заедно со
другиот домашен отпад! Европска регулатива
2002/96/EC за одлагање на електична и електронска
опрема и се применува согласно националните
закони. Елекричните апарати кои го достигнале крајот
на својот животен век мора да бидат одвоено
собрани и вратени во соодветна рециклажна
установа.
МАКЕДОНСКИ
73

Publicité

loading