OBJ_BUCH-770-008.book Page 166 Wednesday, June 15, 2016 2:12 PM
166 | Македонски
Откако ќе ја извадите, заштитете ја заменливата глава за
дупчење од нечистотија.
Вметнете ја резервната глава за дупчење
(види слика E)
Користете само оригинална опрема во зависност од
моделот и притоа внимавајте на бројот на отвори за
подесување 19.Дозволени се само заменливи глави
за дупчење со два или три отвори за подесување.
Доколку за овој електричен апарат не се користи
соодветната заменлива глава за дупчење, алатот за
вметнување може да испадне за време на работата.
– Исчистете ја заменливата глава за дупчење пред да ја
ставите и подмачкајте го лесно крајот за вметнување.
– Фатете ја SDS-plus-заменливата глава за дупчење 2
одн. брзозатезната заменлива глава за дупчење 1 со
целата дланка. Вметнете ја заменливата глава за
дупчење со вртење во прифатот за главата за дупчење
18, додека не слушнете дека е вклопена.
– Резервната глава за дупчење сама се заклучува.
Проверете дали е заклучена со влечење на резервната
глава за дупчење.
Замена на алатот
Капакот за заштита од прав 4 го спречува навлегувањето
на правта која се создава при дупчењето во прифатот на
алатот. Затоа при употребата на апаратот проверете дали
капакот за заштита од прав 4 е оштетен.
Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба
да се замени. Се препорачува ова да се изврши од
страна на сервисната служба.
Ставете SDS-max алат за вметнување (види слика F)
Со SDS-plus-главата за дупчење можете едноставно и
лесно без користење на дополнителни алати да го
замените алатот што се вметнува.
– GBH 3-28 DFR: Вметнете ја SDS-plus-заменливата глава
за дупчење 2.
– Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се
вметнува и малку намастете го.
– Алатот што го вметнувате ставете го со вртење во
прифатот на алат, додека самиот не се заклучи.
– Проверете дали е заклучен со влечење на алатот.
Со SDS-plus-алатот што се вметнува може слободно да се
маневрира, условено од системот. Така, при празен од
настанува отстапување од кружниот тек. Ова нема
влијание на прецизноста на дупчењето на дупката,
бидејќи дупчалката сама се центрира при дупчењето.
Извадете го SDS-max алатот за вметнување
(види слика G)
– Турнете ја чаурата за заклучување 5 наназад и извадете
ја запчестата глава за дупчење.
Ставање на алат за вметнување без SDS-plus
(GBH 3-28 DRE)
Напомена: Не користете алати без SDS-plus за ударно
дупчење или длетување! Алатите без SDS-plus и главата за
дупчење што ја користите ќе се оштетат при ударното
дупчење или длетување.
1 609 92A 2A9 | (15.6.16)
– Вметнете запчеста глава за дупчење 16 (види „Замена
на запчестата глава за дупчење", страна 165).
– Со вртење отворете ја запчестата глава за дупчење 16
додека не се отвори за да може да се стави алатот.
Вметнете го алатот.
– Клучот за затегање на главата за дупчење ставете го во
соодветните отвори на запчестата глава за дупчење 16
и затегнете го алатот.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи
9 во позиција „Дупчење".
Вадење на алатот за вметнување без SDS-plus
(GBH 3-28 DRE)
– Свртете ја чаурата на запчестата глава за дупчење 16 со
помош на клучот за затегање на главата за дупчење во
правец спротивен на стрелките на часовникот, додека
не се извади алатот за вметнување.
Ставање на алат за вметнување без SDS-plus
(GBH 3-28 DFR) (види слика H)
Напомена: Не користете алати без SDS-plus за ударно
дупчење или длетување! Алатите без SDS-plus и главата за
дупчење што ја користите ќе се оштетат при ударното
дупчење или длетување.
– Вметнете ја брзозатезната заменлива глава за дупчење
1.
– Држете го цврсто затезниот прстен 21 на брзозатезната
заменлива глава за дупчење. Отворете го прифатот за
алат со вртење на предната чаура 20, додека не дојде
во позиција каде може да се вметне алатот. Цврсто
држете го затезниот прстен 21 и вртете ја предната
чаура 20 во правец на стрелката, додека не слушнете
дека е вклопена.
– Проверете дали е зацврстена со влечење на алатот.
Напомена: Доколку прифатот за алат е отворен до крај,
при вртење на истиот може да се слушне како се вклопува,
а сепак да не се затвора.
Во овој случај, свртете ја еднаш предната чаура 20 во
правец спротивен на стрелката. Потоа може да се затвори
алатот за прифат.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи
9 во позиција „Дупчење".
Вадење на алатот за вметнување без SDS-plus
(GBH 3-28 DFR) (види слика I)
– Држете го цврсто затезниот прстен 21 на брзозатезната
заменлива глава за дупчење. Отворете го прифатот за
алат со вртење на предната чаура 20 во правец на
стрелката, додека не дојде во позиција каде може да се
извади алатот.
Вшмукување на прав со Saugfix (опрема)
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
Bosch Power Tools