210 | Македонски
копирната чаура стрчи, шаблонот мора да има
минимална дебелина од 8 mm.
Кога за глодање користите копирни чаури, користете
само глодалки кои се 2 mm помали од внатрешниот
дијаметар на копирната чаура.
Ставете го адаптерот за копирната чаура (44) на
основната плоча (7). Порамнете ги двете дупки на
долната страна на адаптерот (44) со дупките во
основната плоча (7). Прицврстете го адаптерот (44) со
испорачаните завртки.
Основната плоча (7) е фабрички центрирана. На овој
начин глодалката се позиционира во средината на
основната плоча и копирната чаура (43). Користете
опционален уред за центрирање за да ја центрирате
основната плоча или копирната чаура што е можно
попрецизно.
Монтирајте го адаптерот (44) и копирната чаура (43).
Олабавете ги 4-те завртки на основната плоча (7).
Турнете го клинот за центрирање (45) низ основната
плоча во затезната чаура (15) и прицврстете го со
навртката за осигурување (6). Малку притиснете го
клинот за центрирање во основната плоча или копирната
чаура. Повторно затегнете ги завртките на основната
плоча (7). Отстранете го клинот за центрирање (45).
Конусот за центрирање (46) може да се користи за
центрирање на основната плоча или широките копирни
чаури.
Промена на основната плоча
Отстранете ги 4-те завртки долу на основната плоча (7) и
извадете ја. Монтирајте ја новата основна плоча (опрема)
во правилната положба користејќи ги 4-те завртки.
Повторно прилагодување на затезната рачка
(видете слика M)
Доколку погонската единица (1) не лежи цврсто во
корпата на глодалката (2), мора да ја подесите силата на
затегнување на затезната рачка (10).
– Отворете ја затезната рачка (10).
– Цврсто затегнете ја навртката (31) со вилушкаст клуч
(8 mm) околу 45° во правец на стрелките на
часовникот.
– Повторно затворете ја затезната рачка.
– Проверете дали погонската единица (1) е безбедно
затегната. Не затегнувајте ја навртката (31) премногу
цврсто.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред секое работење на електричниот алат (на пр.
u
одржување, промена на алатот итн.) извадете ја
батеријата од електричниот алат. При невнимателно
притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување постои опасност од повреди.
1 609 92A 9YL | (24.06.2024)
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Редовно чистете ја погонската единица, финото
прилагодување на длабочината на глодањето и
внатрешноста на корпата за глодање. Користете чиста
крпа или четка или компримиран воздух (види слика Q).
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
под:
www.bosch-pt.com/serviceaddresses
Транспорт
Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на
барањата на Законот за опасни материјали. Батериите
може да се транспортираат само од страна на
корисникот, без потреба од дополнителни
квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и
спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се
движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на
евентуалните дополнителни национални прописи.
Bosch Power Tools