Функционирање
Аспираторот се испорачува со командна табла со
регулатор на брзините на издувување и регулатор за
осветлението над плочата од шпоретот.
a.
Прекинувач за вклучување/исклучување на светлото.
b. Прекинувач за исклучување/брзина 1
c.
Одбирање брзина 2
d. Одбирање брзина 3
Одржување
Чистење
За чистењето ИСКЛУЧИВО користете крпа навлажнета со
течни неутрални детергенти.НЕ ЧИСТЕТЕ СО ПОМОШ
НА АЛАТ ИЛИ ДРУГИ ИНСТРУМЕНТИ.
Не користите производи кои содржат абразиви. НЕ
КОРИСТЕТЕ АЛКОХОЛ!
Филтер за масти
Бр. 10-21
За собирање на масните состојки од пареата од
готвењето.
Металниот филтер за масти треба да се чисти еднаш
месечно со неагресивни детергенти, рачно или во машина
за миење на садови на ниски температури и во краток
интервал.
Со перењето во машина за миење на садови металниот
филтер за масти може да ја изгуби малку бојата но
неговите карактеристики за филтрирање воопшто не се
менуваат.
За да го извадите филтерот за масти повлечете го
забецот за откопчување.
Филтер со активен јаглен (Само за Варијанта со
филтрирање)
Бр. 20
За собирање на непријатните мириси од пареата од
готвењето .
Заситувањето на филтерот од јаглен настапува по повеќе
или помалку продолжена употреба во зависност од типот
на готвење и редовноста на чистењето на филтерот за
масти. Во секој случај потребно е да се замени чаурата
најмалку на секои 4 месеци.
НЕ може да се пере или обновува.
Извадете ги филтрите за масти.
Ставете по еден филтер на јаглен на страна и прикачете
го на аспираторот.
Повторно монтирајте ги филтрите за масти.
Замена на сијалиците
Исклучете го уредот од струјното напојување.
Предупредување! Пред да ги допрете сијаличките
проверете дали се изладени.
Извлечете ја фиоката.
Отстранете ја решетката за всмукување за пристап до
делот за ламби.
Извадете ја решетката
Да се користи само ЛЕД лампа од максимум 3W-E14. За
повеќе детали, консултирајте се со приложениот документ
"ILCOS D" (бр. "1d").
Повторно монтирајте ја решетката.
Ако осветлението не работи, пред да повикате техничка
помош, проверете дали сијалиците се добро ставени.
119