Варијанта со филтрирање
Всмуканиот воздух се ослободува од мастите и се
деодорира пред повторно да се упати назад во
просторијата. За користење на аспираторот во оваа
варијанта потребно е да вградите дополнителен систем за
филтрирање на база на активни јаглени.
Внимание! Ако аспираторот не е снабден со филтер
на јаглен, истиот треба да се нарача и да се монтира
пред користење.
Монтажа
Најмалото растојание помеѓу плочата од шпоретот за
садовите за готвење и долниот раб на аспираторот да не
биде помало од 50cm за електричните апарати за готвење
и 65cm за гасните или комбинираните апарати за готвење.
Ако упатството за монтажа за плинските плочи од
шпоретот прецизираат поголемо растојание, морате да се
придржувате до тоа.
Приклучување на електрична енергија
Главното струјно напојување мора да одговара со оптегот
покажан на етикетата за карактеристиките ставена внатре
во аспираторот. Ако аспираторот оди со приклучник
поврзете го во штекерот во согласност со струјните
прописи и позициониран на пристапно место дури и по
монтажата. Ако не е снабден со приклучник (директна
врска со електричното напојување) или ако приклучникот
не е лоциран на пристапно место, дури и по монтажата,
применете би-поларен прекинувач во согласност со
стандардите кој обезбедува комплетно исклучување на
електричното напојување под услови поврзани со
преоптоварување на мрежата категорија III, во согласност
со упатството за монтажа.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Пред (повторно) поврзување на колото од аспираторот со
електричното
напојување
функционалноста, секогаш проверете дали струјниот
кабел е правилно монтиран.
Аспираторот е снабден со специјален кабел за
напојување; во случај на оштетување на кабелот,
побарајте помош од стручна техничка служба.
Вградување
Пред да се почне со монтирањето:
•
Проверете дали купениот производ е со соодветни
димензии за одбраниот простор за монтирање.
•
Извадете го/ги филтерот/-те на активен јаглен ако се
доставени (види го и соодветниот параграф). Тој/тие
се монтира/-ат само ако сака да се користи
аспираторот во варијанта со филтрирање.
•
Проверете дали во внатрешноста на аспираторот
(поради транспортот) нема материјал од опремата
(на пример ќесиња со завртки и навртки, гаранции и
др.), ако има извадете го и зачувајте го.
и
проверувањето
на
Овој тип на аспиратор треба да се стави внатре во
висечки елемент или во друг вид на куќиште.
САМО во некои производи:
Како опционален додаток, се испорачува вентил за
невраќање на гасови кој треба да се инсталира. Ако од
условите за инсталација се заклучи дека е неопходно (на
пример: недостаток на заштита од случајно навлегување
на воздушни струи од надвор), вметнете го во
соодветното седиште во внатрешноста на елементот за
излез на воздух пред да ја инсталирате издувната цевка.
118