• Секогаш одржувајте ги отворите за вентилација
чисти и без отпадоци
ПО УПОТРЕБА
• Секогаш исклучувајте го алатот и извлечете го
приклучокот од извор на струја пред да
извршувате какви било прилагодувања,
менување на калемот, чистење или ако го
оставате алатот без надзор извесен период
• Чувајте ја машината во затворен простор на суво и
затворено место и подалеку од дофат на деца
ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ
3 Предупредување! Прочитајте го упатството за
работа
4 Не изложувајте го алатот на дожд
5 Носете заштитни очила
6 Обрнете внимание на ризикот од повреда што
може да го предизвика отфрлениот остаток од
косењето (присутните лица да стојат на безбедно
растојание од местото на работа)
7 Веднаш извлечете го приклучокот ако кабелот (и
продолжниот) се оштети или пресече во текот на
работата
8 Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
УПОТРЕБА
• Штитник при сечење0
- поставете го штитникот за косење A како што е
прикажано со доставениот шрафцигер
! никогаш не користете ја машината без
штитник A
• Поставување/подесување на рачката за водење !
- поставете ја рачката за наведување B како што е
прикажано на сликата со доставените 4 шрафа
! цврсто затегнете ги сите 4 шрафови
• Водилка за кабелот @
- закачете ја куката на продолжниот кабел над
водилката C како што е прикажано
- повлечете цврсто за да го обезбедите
продолжниот кабел
• Прилагодување на висината #
При прилагодување на висината на машината,
внимавајте предната рака треба да биде исправена
при поткаструвањето
- разлабавете ја главата D 2 вртејќи ја во правецот
на стрелките на часовникот
- издолжете ја цевката E 2 до саканата висина
- затегнете ја главата D 2 вртејќи ја обратно од
правецот на стрелките на часовникот
• Вклучено/Исклучено $
- вклучете го алатот со притискање на
прекинувачот за активирање F
- исклучете ја машината со пуштање на
прекинувачот за активирање F
! по исклучување на алатот, конецот за косење
продолжува да ротира уште неколку секунди
- оставете конецот да престане да се врти пред
повторно вклучување
! не исклучувајте и вклучувајте премногу бргу
• Поткастрување
! проверете дали црвениот капак G 2 е изваден
од сечивото за сечење на конецот пред да го
користите алатот
! проверете дали областа за косење е без
камења, отпадоци и други страни предмети
! започнете со поткастрување само кога
машината работи со полна брзина
- започнете со поткастрување откај приклучокот за
напојување и оддалечувајте се додека работите
- сечете ја високата трева во слоеви (секогаш
започнете од горе)
- секогаш кастрете со врвот на конецот за косење
- не сечете влажна или мокра трева
- спречете исечената трева да се лепи на калемот
(не косете предолго)
- не преотоварувајте ја машината
- сечете внимателно околу дрва и грмушки и
спречете нивен контакт со конецот
- држете ја машината подалеку од цврсти предмети
за да го заштитите конецот од прекумерно абење
- внамавајте на повратниот удар што може да се
појави кога ќе се допрат цврсти предмети
• Држење и насочување на алатот %
- при сечење висока трева, бавно замавнувајте со
машината оддесно налево и обратно
- закосете ја машината при сечење ниска трева
како што е прикажано
- свртете ја машината за 180° ако поткаструвате
рабови
- цврсто држете ја машината со двете раце за да
имате постојано целосна контрола врз неа
- заземете стабилна позиција за работа
- секогаш држете ја машината далеку од телото
• Подавање конец ^
- потчукнете го копчето H внимателно од земјата
(на цврст терен, ако е можно) додека работи
моторот
- двата конци за сечење ќе се ослободат и отсечат
за да се поправи должината на сечивото J
! проверете дали црвениот капак G 2 е изваден
од сечивото за сечење на конецот пред да го
користите алатот
! внимавајте да не се повредите од сечивото за
сечење на конецот J
- по подавање конец, секогаш вратете го алатот во
нормална положба за работа пред да го вклучите
- подавајте конец редовно за да се одржи
комплетен циклус на сечење
- кога моторот работи без оптеретување и не се
коси трева, ако конецот е потрошен или скинат;
намотајте го калемот или заменете го системот со
калемот
• Мотање на калемот &
Во случај кога конецот нема да излезе од главата со
калемот K
! исклучете го алатот и извадете го од
приклучокот
- извадете го системот со калемот и извадете го
калемот од главата K
- цврсто намотајте ги двата конци за косење
рамномерно во слоеви во правец на стрелката
- вметнете ги двата конци во отворите на калемот Х
и проверете дали се поставени безбедно на место
(оставете доволно должина на конецот)
95