Télécharger Imprimer la page

Bosch 06033B2402 Notice Originale page 150

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 17
150 | Македонски
биде подолго отколку што е потребно за предвидениот
рез.
Дебелината на држачот на сечилото за пила мора да
изнесува 0,8–1,6 mm.
Вметнување на сечилото за пила (види слика A)
Свртете ја чаурата за блокирање (4) во правец на
стрелките на часовникот додека запците не стојат
вертикално нагоре на чаурата за блокирање и држете ја
истата цврсто. Вметнете го сечилото за пила (1) во
прифатот за сечило за пила. Свртете ја чаурата за
блокирање во правец спротивен на стрелките на
часовникот за да го блокирате сечилото за пила.
Со влечење проверете дали е зацврстено сечилото
u
за пилата. Лабаво поставеното сечило за пила може
да испадне и да Ве повреди.
За одредени работи, сечилото за пила (1) може да се
сврти за 180° (запците покажуваат нагоре) и повторно да
се стави.
Вадење на сечилото за пила
Пред да го извадите сечилото за пила, оставете го
u
да се олади. Доколку го допрете жешкото сечило на
пила, постои опасност од повреда.
Свртете ја чаурата за блокирање (4) во правец на
стрелките на часовникот додека запците не стојат
вертикално нагоре на чаурата за блокирање и држете ја
истата цврсто. Извадете го сечилото за пила (1). Свртете
ја чаурата за блокирање во правец спротивен на
стрелките на часовникот.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
1 609 92A 7KW | (24.06.2022)
Употреба
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
За вклучување на електричниот алат прво притиснете ја
блокадата при вклучување (7). Потоа притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (6) и држете
го притиснат.
За исклучување на електричниот алат отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (6).
Напомена: Од безбедносни причини, прекинувачот за
вклучување/исклучување (6) нема да се блокира, туку за
време на работата постојано мора да биде притиснат.
Контрола на бројот на работни одови
Бројот на работни одови на вклучениот електричен алат
може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа
колку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување (6).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (6) се постигнуваат мал број на работни
одови. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на работни одови.
Потребниот број на работни одови зависи од материјалот
и работните услови и може да се одреди со практична
примена.
Се препорачува намалување на бројот на работни одови
при поставување на сечилото за пила на алатот, како и
при сечење на пластика и алуминиум.
При подолготрајно работење со мал број на работни
одови, електричниот алат може многу да се вжешти.
Извадете го сечилото за пила и оставете го електричниот
алат да работи околу 3 мин. со максимален број на
работни одови.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот алат. При големо оптоварување или
надминување на дозволената температура на батеријата
електрониката го исклучува електричниот алат, додека не
се врати во оптималните граници на температура.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Доколку се блокира сечилото за пила, исклучете го
u
електричниот алат.
Совети
При сечење на лесни градежни материјали,
u
внимавајте на законските одредби и препораки на
производителот на материјалот.
Bosch Power Tools

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Advancedrecip 18