Télécharger Imprimer la page

Elica TILLY Installation page 41

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 7
ОПШТА БЕЗБЕДНОСТ
• Не вршете електрични или механички измени на производот или на одводите. • Пред каква било операција за
чистење или одржување, исклучете го производот од електричната мрежа со вадење на струјниот приклучник или
со исклучување на домашниот мрежен прекинувач. • За сите операции за монтажа и одржување да се користат
работни ракавици.• Овој производ може да се користи од страна на деца од 8 години па нагоре и лица со
намалени физички, сензорни или ментални способности, или ако немаат искуство или знаење, доколку се под
надзор или имаат добиено инструкции за употреба на апаратот на безбеден начин и ги разбираат опасностите
поврзани со него.• Треба да се внимава, децата да не си играат со производот.• Чистењето и одржувањето не
треба да го прават деца без надзор. • Просторијата мора да биде доволно проветрена кога производот се користи
заедно со апарати кои согоруваат гас или други горива. • Производот мора редовно да се чисти како од
внатрешноста така и од надворешноста (НАЈМАЛКУ ЕДНАШ МЕСЕЧНО), во секој случај потребно е да се
постапува во согласност со упатствата за одржување. • Ако не се следат упатствата во однос на чистењето на
производот и замената и чистењето на филтрите ќе доведе до ризик од пожари.• Строго се забранува
фламбирање на храната под самиот производ.• ВНИМАНИЕ: Кога плочата за готвење е во функција пристапните
делови од производот можат да се загреат.• Не го поврзувајте производот со електричното напојување сè додека
монтажата не биде целосно комплетна.• Што се однесува до техничките и безбедносните мерки за примена за
исфрлање на пареа важно е внимателно да се следат правилата дадени од локалните надлежни власти.•
Издувниот воздух не смее да се предава во активен оџак за чад створен од апарати кои согоруваат гас или други
горива.• Да не го користите или оставате производот без правилно монтирани сијалици поради можниот ризик од
електричен удар.• Производот НИКОГАШ не смее да се користи без правилно монтирана решетка. • Производот
НИКОГАШ не смее да се користи како површина за поддршка доколку не е прецизно наведено.
БЕЗБЕДНОСТ ЗА МОНТИРАЊЕТО
• Користете ги само завртките за прицврстување обезбедени со производот само ако одговараат на површината,
или набавете го точниот тип на завртки. Проверете дали во внатрешноста на производот (поради транспортот)
нема материјал од опремата (на пример ќесиња со завртки и навртки, гаранции и др.), ако има извадете го и
зачувајте го. • ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Немонтирањето на завртки и уреди за прицврстување во согласност со овие
упатства може да доведе до опасности од електрична природа. • Издувната цевка не е доставена и треба да се
купи. • Дијаметарот на издувната цевка треба да биде еднаков со дијаметарот на прстенот за поврзување. • За
монтирање на производот на плотната запазете ја висината наведена на цртежите • Најмалото растојание помеѓу
плочата од шпоретот за садовите за готвење и долниот раб на аспираторот да не биде помало од 50 cm за
електричните апарати за готвење и 65 cm за гасните или комбинираните апарати за готвење. • Ако упатството за
монтажа за плинските плочи од шпоретот прецизираат поголемо растојание, морате да се придржувате до тоа.
БЕЗБЕДНОСТ ЗА ЕЛЕКТРИЧНОТО ПОВРЗУВАЊЕ
•Мрежниот напон мора да одговара со напонот ставен на етикетата за карактеристиките ставена внатре во
производот.•Ако производот оди со приклучник поврзете го со штекерот во согласност со важечките стандарди
позиционирани на пристапно место и по инсталацијата. • Ако не е снабден со приклучник (директна врска со
електричното напојување) или ако приклучникот не е лоциран на пристапно место, дури и по инсталацијата,
применете би-поларен прекинувач во согласност со стандардите кој обезбедува комплетно исклучување на
електричното напојување под услови поврзани со преоптоварување на мрежата категорија III, во согласност со
упатството за монтажа. • Внимание! Замената на струјниот кабел мора да ја изврши овластен сервис помошен
центар или слично квалификувано лице.
УПАТСТВА ЗА ОДРЖУВАЊЕ
• Чистење : За чистење користете исклучиво крпа навлажнета со течни неутрални детергенти. Не користете
прибор или инструменти за чистење.
• Филтер за масти : Металниот филтер за масти треба да се чисти еднаш месечно со неагресивни детергенти,
рачно или во машина за миење на садови на ниски температури и во краток интервал. За да го извадите
филтерот за масти повлечете го забецот за откопчување.
• Филтер со активен јаглен (само за варијанта со филтрирање) : Потребно е да се замени филтерот еднаш
месечно како што е наведено во делот со илустрации: извадете ги филтрите за масти, ставете по еден филтер
на јаглен по страна и прикачете го на производот. Повторно монтирајте ги филтрите за масти
• Замена на сијалиците : Исклучете го уредот од струјното напојување. Внимание! Пред да ги допрете
сијаличките проверете дали се изладени. За типот на сијалици за користење консултирајте се со приказот во
делот на илустрациите.
41

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

64415359d