Télécharger Imprimer la page

AEG IAE84411XB Notice D'utilisation page 203

Masquer les pouces Voir aussi pour IAE84411XB:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 103
6.1 Садови за готвење
За индуктивни рингли, силно
електромагнетно поле ја создава
топлината во садовите за готвење
многу брзо.
Користете ги индуктивните рингли со
соодветни садови за готвење.
• Дното на садовите за готвење мора да
биде колку што може подебело и
порамно.
• Осигурете се дека дното на тенџерето е
чисто и суво пред да го ставите на
површината на плочата за готвење.
• За да се избегнат гребнатини, не
лизгајте ја или не тријте го тенџерето
врз керамичкото стакло.
Материјал на садовите за готвење
• погоден: лиено железо, челик,
емајлиран челик, челик што не `рѓосува,
повеќеслојно дно (означено како
погодно од производителот).
• непогоден: алуминиум, бакар, бронза,
стакло, керамика, порцелан.
Садовите за готвење се погодни за
индуктивната плоча за готвење ако:
• водата врие многу брзо на рингла
поставена на највисоката поставка за
јачина на топлината.
• магнет се привлекува на дното на садот
за готвење.
Димензии на садовите за готвење
• Индуктивните рингли автоматски се
прилагодуваат на димензиите на дното
на садот за готвење.
• Ефикасноста на ринглата е поврзана со
дијаметарот на садот за готвење. Садот
за готвење со дијаметар којшто е помал
од минималниот добива само дел од
енергијата којашто ја испушта ринглата.
• Заради безбедносни причини и за
постигнување оптимални резултати од
готвењето, не користете садови за
готвење поголеми од наведеното во
„Спецификации на ринглите".
Избегнувајте да ги држите садовите за
готвење во близина на контролната
плоча во текот на готвењето. Тоа може
да влијае на функционирањето на
контролната плоча или ненамерно да ги
вклучи функциите на површината за
готвење.
Видете во „Технички податоци".
6.2 Звуци во текот на работата
Ако слушате:
• звук на пукање: садот за готвење е
направен од различни материјали
(сендвич конструкција).
• звук на свиркање: ја користите ринглата
на голема јачина и садовите за готвење
се направени од различни материјали
(сендвич конструкција).
• ѕунење: користите високо енергетско
ниво.
• кликање: се појавува електрично
префрлување.
• пиштење, брмчење: вентилаторот
работи.
Звуците се нормални и не се знак за
неисправност.
6.3 Помош и совети за SenseBoil®
Функцијата работи најдобро за вриење на
вода и за подготовка на компири.
Не работи со леано железо и со
нелеплив сад за готвење, на пр. со сад
со керамичка обвивка. За
постигнување на најдобри резултати
при варење компири се препорачуваат
емајлирани садови од челик.
Проверете дали тенџерето е соодветно за
SenseBoil® со следење на првото готвење.
За да ја користите SenseBoil® правилно
следете го советот даден подолу:
• Наполнете го тенџерето помеѓу пола и
три - четвртини со ладна вода од
чешма оставајќи го празно 4 cm од
ивицата. Не користете помалку од 1 или
повеќе од 5 литри вода. Вкупната
тежина на водата (или на водата и
компирите) варира меѓу 1-5 kg.
• Ако сакате да готвите компири,
проверете дали се целосно покриени со
МАКЕДОНСКИ
203

Publicité

loading