Télécharger Imprimer la page

Bosch 06014A1100 Notice Originale page 163

Lampe sans-fil

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 19
Монтажа
Полнење на батеријата (опрема)
Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци.
u
Само овие полначи се совпаѓаат со литиум-јонската батерија што се користи за
вашата батериска светилка.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно наполнета. За да ја наполните
целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни
целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали
нивниот животен век. Прекинот при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell
Protection (ECP)". Доколку батеријата е испразнета, батериските светилки се
исклучуваат со заштитен прекинувач.
По автоматското исклучување на батериската светилка не притискајте на
u
прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се оштети.
Проверете дали батеријата е наполнета и дали батериската светилка е изладена
пред повторно да ја вклучите.
За да ја извадите батеријата (1) притиснете на копчињата за отклучување (2) и
извлечете ја батеријата од батериската светилка. Притоа не употребувајте сила.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Приказ за наполнетост на батеријата
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат
состојбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на
наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку батериската светилка
е исклучена.
Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата,
прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија.
Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не
свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.
Bosch Power Tools
Македонски | 163
или
, за да се
1 609 92A 5X5 | (08.10.2021)

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gli 18v-300 professional400175226001896347101261