Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки,
u
клучеви, железни пари, клинци, завртки или други мали метални предмети,
што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу
контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.
u
Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој
u
начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно
изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага.
Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.
Батериите полнете ги со полначи што се препорачани исклучиво од
u
производителот. Доколку полначот за кој се наменети одреден вид на батерии,
се користи со други батерии, постои опасност од пожар.
Пред каква било интервенција на батериската светилка (на пр. монтажа,
u
одржување итн.) како и при транспорт и складирање, извадете ја батеријата
од батериската светилка. При невнимателно притискање на прекинувачот за
вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте
u
директно во него, дури ни од голема оддалеченост.
Не ги користете батериските светилки во сообраќајот. Батериските светилки
u
не се дозволени за осветлување во сообраќајот.
Не ја покривајте главата на светилката, доколку батериската светилка
u
работи. Главата на светилката се затоплува со текот на работата и може да
предизвика изгореници, доколку се акумулира топлина.
Не им дозволувајте на децата да ја користат батериската светилка. Таа е
u
наменета за професионална употреба. Децата можат од невнимание да се
заслепат себеси или други лица.
Опис на производот и перформансите
Наменета употреба
Батериската светилка е наменета за преносливо, просторно и временски
ограничено осветлување во внатрешен и надворешен простор и не е погодна за
вообичаено осветлување на простории.
Bosch Power Tools
Македонски | 161
1 609 92A 5X5 | (08.10.2021)