Télécharger Imprimer la page

Bosch GSB 1300 RE Professional Notice Originale page 131

Masquer les pouces Voir aussi pour GSB 1300 RE Professional:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 16
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Дополнителна дршка (види слика A)
Користете го вашиот електричен алат само со
u
дополнителна рачка (9).
Дополнителната рачка (9) може да ја вртите по желба, за
да може безбедно и неуморно да работите.
Свртете го долниот дел на дополнителната рачка (9) во
правец спротивен на стрелките на часовникот и
поставете го граничникот за длабочина (10).
Извлечете го граничникот за длабочина (10) до степен
што растојанието меѓу врвот на дупчалката и врвот на
граничникот за длабочина (10) ќе одговара на саканата
длабочина на дупчење X.
Потоа повторно зацврстете го долниот дел на
дополнителната рачка (9) во правец на стрелките од
часовникот.
Избраздениот дел на граничникот за длабочина (10)
мора да покажува нагоре.
Промена на алат
Брзозатегнувачка глава за дупчење (види слика B)
Држете ја цврсто задната чаура (3) на
брзозатегнувачката глава за дупчење (1) и свртете ја
предната чаура (2) во правец на вртење ➊, додека не се
вметне алатот. Вметнете го алатот.
Држете ја цврсто задната чаура (3) на брзозатезната
глава за дупчење (1), а предната чаура (2) свртете ја
цврсто со рака во правец на вртење ➋ додека целосно не
се вклопи. Со тоа, главата автоматски се заклучува.
Заклучувањето повторно се ослободува, откако ќе ја
свртите преданата чаура (2) во спротивен правец за да го
извадите алатот.
Запчеста глава за дупчење (види слика C)
Со вртење отворете ја запчестата глава за дупчење (13),
додека не се отвори за да може да вметне алатот.
Вметнете го алатот.
Клучот за затегнување на главата за дупчење (12)
ставете го во соодветните отвори на запчестата глава за
дупчење (13) и рамномерно затегнете го алатот.
При менување на алатот носете заштитни ракавици.
u
За време на долготрајни работни процеси, главата за
дупчење може да се вжешти.
Алати за навртување (види слика D)
При користење на битови за одвртувачот (15) секогаш
треба да користите универзален држач за битови (14).
Користете само битови што се соодветни на главата за
навртување.
За навртување секогаш поставувајте го прекинувачот
„Дупчење/ударно дупчење" (4) на ознаката „Дупчење".
Bosch Power Tools
Менување на главата за дупчење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Демонтирање на главата за дупчење (види слика E)
За да ја демонтирате брзозатегнувачката глава за
дупчење (1) прицврстете еден клуч со внатрешна
шестаголна глава (16) во брзозатегнувачката глава за
дупчење (1) и ставете вилушкаст клуч (17) (ширина на
клучот 14) на површината на клучот на погонското
вретено.
Поставете го електричниот алат на стабилна подлога, на
пр. на работна клупа.
Држете го цврсто вилушкастиот клуч (17) и олабавете ја
брзозатегнувачката глава (1) со вртење на клучот со
внатрешна шестаголна глава (16) во правец ➊. Со лесен
удар на долгиот крак на клучот со внатрешна шестаголна
глава (16) се олабавува цврсто вметнатата
брзозатегнувачка глава за дупчење.
Извадете го клучот со внатрешна шестаголна глава од
брзозатегнувачката глава за дупчење и целосно одвртете
ја истата.
Демонтажата на запчестата глава за дупчење (13) се
врши на истиот начин како што е опишана демонтажата
на брзозатегнувачката глава за дупчење.
Монтирање на главата за дупчење (види слика F)
Монтажата на брзозатегнувачката глава/запчестата глава
за дупчење со сигурносен прстен ќе ја извршите по
обратен редослед.
Главата за дупчење мора да биде зацврстена
со вртежен момент од околу 33–39 Nm.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Македонски | 131
1 609 92A 952 | (04.04.2024)

Publicité

loading