Télécharger Imprimer la page

Bosch 0 601 513 000 Notice Originale page 163

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 21
Поместување на основната плоча (види слика I)
За сечење во близина на рабовите можете наназад да ја
поместите основната плоча (5).
Олабавете ја завртката (19) и вметнете ја основната
плоча (5) до крај во правец на струјниот кабел.
Повторно затегнете го шрафот (19).
Сечењето со поместена основна плоча (5) е можно само
со агол на косо сечење од 0°. Освен тоа, не смеат да се
користат и паралелниот граничник со кружен секач (23)
(опрема) и заштитата од кинење (15).
Уред за оддувување на струготините
Со струењето на воздухот на уредот за оддувување на
струготини може да се одржува чиста линијата на резот
од струготини.
Вклучете го уредот за оддувување на струготините кога
работите со големо количество на отстранет материјал од
дрво, пластика и др. Вметнете го прекинувачот (6) во
позиција „I".
Исклучете го уредот за оддувување на струготините при
работење со метали како и системот за всисување прав.
Вметнете го прекинувачот (6) во позиција „0".
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Вклучи/исклучи (GST 150 CE)
Проверете дали можете да го притиснете
u
прекинувачот за вклучување/исклучување, без да
ја отпуштите рачката.
За Вклучување на електричниот алат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2) нанапред,
така што на прекинувачот ќе се појави „I".
За Исклучување на електричниот алат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2) наназад,
така што на прекинувачот ќе се појави „0".
Вклучи/исклучи (GST 150 BCE)
Проверете дали можете да го притиснете
u
прекинувачот за вклучување/исклучување, без да
ја отпуштите рачката.
За вклучување на електричниот алат притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување (2).
За фиксирање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (2) држете го притиснат и турнете ја
блокадата (1) кон десно или лево.
За исклучување на електричниот алат отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2). Доколку
прекинувачот за вклучување/исклучување (2) е
блокиран, најпрво притиснете го и потоа отпуштете го.
Bosch Power Tools
Константна електроника
Константната електроника одржува постојан број на
удари при празен од и оптоварување и овозможува иста
постојана јачина при работењето.
Работа на бројот на одови (GST 150 BCE)
Бројот на работни одови на вклучениот електричен алат
може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа
колку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување (2).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (2) се постигнуваат мал број на работни
одови. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на работни одови.
Претходно избирање на бројот на одови
Со копчето за подесување на претходното избирање на
број на работни одови (3) можете истите претходно да ги
изберете и потоа да ги промените во текот на работата.
Потребниот број на работни одови зависи од материјалот
и работните услови и може да се одреди со практична
примена.
Се препорачува намалување на бројот на работни одови
при поставување на сечилото за пила на алатот, како и
при сечење на пластика и алуминиум.
При подолготрајно работење со мал број на работни
одови, електричниот алат може многу да се вжешти.
Извадете го сечилото за пила и оставете го електричниот
алат да работи околу 3 мин. со максимален број на
работни одови.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Доколку се блокира сечилото за пила, исклучете го
u
електричниот алат.
Доколку обработувате мали или тенки делови
u
секогаш користете стабилна подлога или маса за
пила (опрема).
Пред сечењето во дрво, шперплочи, градежни
материјали итн. проверете дали на нив има туѓи тела како
на пр. клинци, шрафови и сл. и доколку има, отстранете
ги.
Сечење со вдлабнување (види слика H)
Смеат да се обработуваат само меки материјали
u
како дрво, гипс картон и сл. при сечење со
вдлабнување!
За сечење со вдлабнување користете само кратки сечила
за пила. Сечењата со вдлабнување се можни само со агол
на закосување од 0°.
Поставете го електричниот алат со предниот раб на
основната плоча (5) на делот што се обработува, без
сечилото за пила (10) да го допира делот што се
обработува и вклучете го. Кај електричните алати со
контрола на бројот на удари, поставете го максималниот
број на работни одови. Притиснете го електричниот алат
Македонски | 163
1 609 92A 4VE | (04.04.2019)

Publicité

loading