Télécharger Imprimer la page

Bosch GHG 23-66 Professional Notice Originale page 129

Masquer les pouces Voir aussi pour GHG 23-66 Professional:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 17
Поставете ја аголната млазница (16) (опрема).
Замрзнатите места секогаш загревајте ги по можност во
правец од одводот кон доводот.
Пластичните цевки и споевите помеѓу деловите од
цевката треба да се загреваат со особена претпазливост,
за да се избегнат оштетувања.
Преобликување на пластични цевки (види слика D)
Поставете рефлекторската млазница (17) (опрема).
Наполнете ги пластичните цевки со песок и затворете ги
од двете страни, за да спречите прекршување на цевката.
Внимателно и рамномерно затоплувајте ја цевката со
странични движења од сите страни.
Заварување на пластика (види слика E)
Поставете ја редуцирната млазница (20) и папучата за
заварување (19) (двете од опремата). Делот што ќе се
заварува и жицата за заварување (18) (опрема) мора да
бидат од ист материјал (на пр. двете од PVC). Работ на
заварување мора да биде чист и немасен.
Затоплувајте го местото на заварување, сè додека не
стане тестесто. Внимавајте на тоа дека границата на
температура помеѓу тестеста и течна состојба на
пластиката е многу мала.
Ставете ја жицата за заварување (18) и вдлабнете ја во
процепот, така што ќе се создаде рамномерно
испакнување.
Меко лемење (види F)
За точкасто лемење поставете ја редуцирната млазница
(20), а за лемење на цевки рефлекторската
млазница (17) (двете од опремата).
Доколку користите лем без течно средство, додадете
маст или паста за лемење на местото на лемење.
Затоплете го местото за лемење и залемете. Лемот мора
да се стопи со делување на температурата на делот што
се обработува.
Доколку е потребно, откако ќе се излади местото на
лемење, отстранете го течното средство.
Термособирање (види слика G)
Поставете рефлекторската млазница (17) (опрема).
Изберете го дијаметарот на термособирното црево (21)
(опрема) соодветно на делот што се обработува.
Рамномерно загрејте го собирното црево, додека цврсто
не налегне на делот што се обработува.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред каква било интервенција на дувалката за
u
топол воздух, извлечете го струјниот приклучок од
приклучницата.
Одржувајте ги чисти дувалката и отворите за
u
проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
Bosch Power Tools
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
под:
www.bosch-pt.com/serviceaddresses
Отстранување
Дувалката за топол воздух, опремата и амбалажите треба
да се отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте дувалките за топол воздух во
домашната канта за отпадоци!
Само за земјите од ЕУ:
Според Европската регулатива 2012/19/EU за
електрични и електронски уреди и нивна национална
употреба, дувалките за топол воздух што се вон употреба
мора одделно да се собираат и да се рециклираат на
еколошки прифатлив начин.
Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и
електронската опрема може да имаат штетни влијанија
врз животната средина и здравјето на луѓето поради
можното присуство на опасни материи.
Македонски | 129
1 609 92A 7NG | (14.06.2022)

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Ghg 20-63 professional