130 | Македонски
Одржување на електрични алати и дополнителна
u
опрема. Проверете го порамнувањето или
прицврстување на подвижните делови, спојот на
деловите и сите други услови што може негативно
да влијаат врз функционирањето на електричниот
алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат
на поправка пред да го користите. Многу несреќи се
предизвикани заради несоодветно одржување на
електричните алати.
Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно
u
одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се
виткаат и полесно се контролираат.
Електричниот алат, дополнителната опрема,
u
деловите и др., користете ги во согласност со ова
упатство, внимавајте на работните услови и
работата која ја вршите. Користењето на
електричниот алат за други намени може да доведе до
опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги
u
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за
држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно
ракување и контрола на алатот во непредвидливи
ситуации.
Сервисирање
Електричниот алат сервисирајте го кај
u
квалификувано лице кое користи само идентични
резервни делови. Со ова се овозможува безбедно
одржување на електричниот алат.
Безбедносни напомени за брусилки
Користете го електричниот алат само за суво
u
брусење. Навлегувањето на вода во електричниот
алат го зголемува ризикот од електричен удар.
Внимавајте на тоа лицата да не се во опасност
u
поради искри што летаат. Тргнете ги запаливите
материјали од близина. При брусење на материјали
постои опасност од искрите што летаат.
Внимание опасност од пожар! Избегнувајте
u
прегревање на парчето што се бруси и брусилката.
Пред да направите пауза во работата, секогаш
испразнете го резервоарот за прав. Правта од
брусењето во торбата за прав, микро честичките,
хартиената кеса (или филтер-кесата одн. филтерот на
вшмукувачот за прав) може да се запали при
неповолни услови, како на пр. летање на искри при
брусење на метали. Особена опасност постои, доколку
правта од брусењето се измеша со остатоци од лак,
полиуретан или други хемиски материјали и доколку
парчето што се бруси се вжешти по долготрајна
работа.
Редовно чистете ги отворите за проветрување на
u
вашиот електронски алат. Вентилаторот на моторот
влече прав во куќиштето, а собирањето на голема
количина на метална прав може да предизвика
електрични опасности.
1 609 92A 8DA | (17.05.2023)
Почекајте додека електричниот алат сосема не
u
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку
u
го зацврстите со уред за затегнување или менгеме,
тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто
отколку со Вашата рака.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за суво брусење на дрво,
пластика, вештачки материјали од дрво, метал, шпахтел
маса како и лакирани површини.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на илустрираните компоненти се
однесува на приказот на електричниот алат на
графичката страница.
(1)
Прекинувач за вклучување/исклучување
(2)
Вртливо копче за претходно бирање на бројот на
осцилации
(3)
Брусен диск
(4)
Комплетна ќеса за прав
(5)
Рачка (изолирана површина на рачката)
a)
(6)
Брусно сечило
(7)
Завртки за брусниот диск
(8)
Носач за брусниот диск
(9)
Млазници за издувување
a)
(10) Црево за всисување
a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Ексцентрична брусилка
Број на дел
Претходен избор на бројот
на осцилации
Номинална јачина
Број на вртежи во празен
од n
0
Број на осцилации во
празен од
GEX 125
3 601 CA8 0..
●
W
290
–1
min
7500–12000
–1
min
15000–24000
Bosch Power Tools