ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
Никогаш не допирајте ја површината на
уреди за греење и готвење. Таа ќе се
вжешти додека работи. Чувајте ги децата
на соодветна оддалеченост од уредот.
Постои ризик од изгореници.
Извор на микробранова радијација и
висок напон!
Не вадете го капакот.
ВНИМАНИЕ ! Апаратот и неговите делови што може да се
дофатат стануваат врели за време на употребата. Треба да
се внимава односно да не се допираат загреаните елементи.
Децата помали од 8 години се препорачува да се држат
подалеку од апаратот,освен ако тие не се под постојан
надзор. Овој апарат можат да го користат деца кои веќе
наполниле 8 години, лица со намалени физички, сетилни
или ментални способности како и лица кои немаат доволно
искуство и знаење ако се под надзор или биле обучени како
да го користат апаратот на безбеден начин и ги разбрале
опасностите кои можат да се појават. Децата мора постојано
да се под надзор за да се осигурате дека тие не си играат со
апаратот. Чистењето и корисничкото одржувањето не треба да
го изведуваат деца кои не наполниле 8 години и кои не се под
надзор.
Чувајте го апаратот и неговиот кабел подалеку од дофат на
деца помали од 8 години.
• ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Кога апаратот работи во комбиниран
начин, а поради многу високите температури што тогаш
настануваат, децата смеат да го употребуваат апаратот само
под грижлив надзор на возрасните (само за апарати со
функцијата жар)
51