Филтер со активен јаглен (Само за Варијанта со
филтрирање)
Бр. 20
За собирање на непријатните мириси од пареата од
готвењето .
Заситувањето на филтерот од јаглен настапува по повеќе
или помалку продолжена употреба во зависност од типот
на готвење и редовноста на чистењето на филтерот за
масти. Во секој случај потребно е да се замени чаурата
најмалку на секои 4 месеци.
НЕ може да се пере или обновува.
Извадете ги филтрите за масти.
Ставете по еден филтер на јаглен на страна и прикачете
го на аспираторот.
Повторно монтирајте ги филтрите за масти.
Замена на сијалиците
Исклучете го уредот од струјното напојување.
Предупредување! Пред да ги допрете сијаличките
проверете дали се изладени.
Извлечете ја фиоката.
Отстранете ја решетката за всмукување за пристап до
делот за ламби.
Извадете ја решетката
Да се користи само ЛЕД лампа од максимум 3W-E14. За
повеќе детали, консултирајте се со приложениот документ
"ILCOS D" (бр. "1d").
Повторно монтирајте ја решетката.
Ако осветлението не работи, пред да повикате техничка
помош, проверете дали сијалиците се добро ставени.
САМО во некои производи:
Како опционален додаток, се испорачува вентил за
невраќање на гасови кој треба да се инсталира. Ако од
условите за инсталација се заклучи дека е неопходно (на
пример: недостаток на заштита од случајно навлегување
на воздушни струи од надвор), вметнете го во
соодветното седиште во внатрешноста на елементот за
излез на воздух пред да ја инсталирате издувната цевка.
118