238 | Македонски
Доколку по притискањето на копчето на приказот за
наполнетост на батеријата не свети LED светилка,
батеријата е дефектна и мора да се замени.
Наполнетоста на акумулаторската батерија се прикажува
и на корисничкиот интерфејс (види „Прикази за
состојба", Страница 239).
Тип на батерија GBA 18V...
LED-светилки
Трајно светло 3 × зелено
Трајно светло 2 × зелено
Трајно светло 1 × зелено
Трепкаво светло 1 × зелено
Тип на батерија ProCORE18V...
LED-светилки
Трајно светло 5 × зелено
Трајно светло 4 × зелено
Трајно светло 3 × зелено
Трајно светло 2 × зелено
Трајно светло 1 × зелено
Трепкаво светло 1 × зелено
Напомени за оптимално користење на
батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од
−20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот во лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува,
дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Полнење на магацинот (види слики A1−A2)
Извадете ја акумулаторската батерија пред да
u
почнете да го подесувате уредот, да менувате
делови од опремата или доколку долго време не
1 609 92A 8U9 | (22.11.2023)
сте го користеле електричниот алат. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на електричниот алат.
Користете само оригинална Bosch-опрема. Прецизните
делови на електричниот алат како магацинот, отворот и
каналот за пукање се прилагодени на хефт-иглиците,
шајките и клинците на Bosch. Другите производители
употребуваат друг квалитет на челик и димензии.
Напомена: Користете ја само муницијата наведена во
табелата „Технички податоци".
Капацитет
Користењето на недозволена муниција може да го оштети
електричниот апарат и да предизвика повреди.
60–100 %
При полнење на магацинот, држете го електричниот алат
30–60 %
така што отворот (16) нема да биде насочен ниту кон
5–30 %
вашето тело ниту кон други лица.
0–5 %
– Притиснете го прекинувачот (13) за отворање на
магацинот. Лизгачот на магацинот (18) се продолжува.
– Вметнете ја лентата со клинци (19) во горниот лев дел
од магацинот (14).
Напомена: Електронската контрола детектира дали има
шајки во магацинот. Ако се притисне осигурувачот за
активирање кога магацинот е празен, нема да се
Капацитет
активира процесот за набивање. Така, се спречува
80–100 %
пукање во празно.
60–80 %
– Повлечете го лизгачот на магацинот (18) до почетокот
40–60 %
на магацинот додека не кликне на своето место.
20–40 %
Напомена: Лизгачот на магацинот мора да се врати назад
без многу сила (само со силата на прстот). Заглавениот
5–20 %
лизгач на магацинот ги има следните ефекти: Шајката не
0–5 %
се исфрла, шајката се заглавува во каналот за пукање
(види заглавување ) или шајката се исфрла под погрешен
агол.
Употреба
Системи за активирање
Поединечно активирање со осигурувач
Кај овој систем за активирање најпрво мора стабилно да
се постави осигурувачот за активирање (2) на делот што
се обработува. Муницијата ќе се испука откако ќе се
притисне чкрапалото (6).
Потоа може да се активираат и други процеси на
набивање, доколку чкрапалото и осигурувачот за
активирање повторно се вратат во првобитната позиција.
Активирање на контактот со автоматско враќање
Кај овој систем за активирање најпрво мора да се
притисне чкрапалото (6) и да се држи во оваа позиција.
Потоа мора стабилно да се постави осигурувачот за
активирање на делот што се обработува за да се исфрли.
Се додека чкрапалото (6) го држите притиснато,
пoнатамошните процеси на набивање може да се
активираат со повторно допирање на друга точка.
Во режимот за активирање на контактот може да се
наби шајка со поединечно активирање.
Bosch Power Tools