• Работа со држачот со стега (не е
вклучен стандардно) 8
- со држачот со стега G можете
да го прикачите мерниот уред на
различни предмети што имаат
дебелина до 60 mm, како што се
цевки или рабови на маса
- монтирајте го ¼" од завртката K
на ¼" од држачот на стативот J на
врвот или на дното на алатот 8 a
! не претерувајте со затегањето
на мерниот уред, бидејќи може
да се оштети
- користете рачка H за да ја
отворите стегата и поставете
ја на саканата локација со
ослободување на рачката H
- разлабавете го копчето L 8 b
за да ја прилагодите позицијата
на алатот и проекцијата на
ласерскиот зрак
- по прилагодувањето, затегнете го
копчето L
• Работење со статив (не
стандардни се вклучени)
- стативот N 1 овозможува
стабилна мерна подлога што
може да се подесува по висина
- поставете го мерниот уред со
прифатот за статив J на 1/4"-навој
на стативот и зашрафете го
цврсто со шрафот за фиксирање
на стативот
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
• Овој алат не е наменет за
професионална употреба
• Заштитете го мерниот уред од
влага и директно изложување на
сончеви зраци
• Не го изложувајте мерниот уред
на екстремни температури или
осцилации во температурата
(прецизноста на мерниот уред
може да се наруши)
- на пр. не го оставајте долго време
во автомобилот
- оставете го мерниот уред најпрво
да се аклиматизира, пред да го
ставите во употреба
• Избегнувајте ги ударите и
превртувањата на мерниот уред
- доколку се оштети мерниот уред,
може да се наруши прецизноста
- по тежок пад или удар, споредете
ги ласерските линии за контрола
со познатата хоризонтална или
вертикална референтна линија
• Притиснете прекинувачот F (на
тој начин се блокира осцилирачката
единица, која инаку би се оштетила
при интензивни движења)
• Постојано одржувајте ја чистотата
на мерниот уред
• Не го потопувајте мерниот уред во
вода или други течности
• Избришете ги нечистотиите со
влажна мека крпа
• Не користете средства за чистење
или раствори
• Редовно чистете ги површините
околу излезниот отвор на ласерот и
притоа внимавајте на влакненцата
• Доколку алатот и покрај
внимателното работење и контрола
некогаш откаже, поправката мора
да ја изврши некој овластен SKIL
сервис за електрични алати
- во случај на примедба, испратете
го алатот нерасклопен, заедно
со сметкопотврдата, до вашиот
продавач или најблискиот SKIL
сервис (адресите се наведени на
www.skil.com)
• Имајте предвид дека оштетувањето
настанато заради преоптоварување
или неправилно ракување со
алатот ја отфрла гаранцијата
(видете на www.skil.com или
прашајте го продавачот за условите
на гаранцијата на SKIL)
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА
СРЕДИНА
• Не се ослободувајте од
електични алати, батерии, уреди
или амбалажа преку нивно
фрлање во домашното ѓубре
(само за земјите на ЕУ)
- според Европската Директива
2012/19/EC за ослободување
од електрична и електронска
опрема и нејзина имплементација
во согласност со националните
закони, електричните алати кои
го достигнале крајот на својот
животен век мора да бидат
собрани посебно и да бидат
вратени во соодветен објект за
рециклирање
114